User Manual

Македонски | 123
Bosch Power Tools 2 609 141 284 | (7.7.15)
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на
сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури
или осцилации во температурата. Напр. не го оставајте долго
време во автомобилот. При големи осцилации во температурата,
оставете го мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба. При екстремни температури или осцилации
во температурата, прецизноста на мерниот уред може да се
наруши.
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот уред.
Вклучување/исклучување
Пред вклучување на мерниот уред, проверете, дали полето на
сензорот 7 е влажно. Доколку е влажно, исушете го мерниот уред
со крпа.
За Вклучување на мерниот уред притиснете на прекину-
вачот за вклучување/исклучување 3 надолу.
По краткиот тест, мерниот уред е спремен за работа. Подготвеноста
за ставање во употреба ќе биде прикажана со светење на сигналните
светла 2. Доколку по вклучувањето, сигналните светла 2 не светат,
мора да го продолжите рокот на батериите.
За Исклучување на мерниот уред притиснете на прекину-
вачот за вклучување/исклучување 3 надолу.
Доколку по околу 10 мин, не се изврши мерење, мерниот уред
автоматски се исклучува заради нега на батериите.
Напомена: Доколку мерниот уред автоматски се исклучил,
прекинувачот за вклучување/исклучување 3 сè уште се наоѓа во
позиција Вклучено. За повторно да се вклучи мерниот уред, прво
исклучете го и потоа повторно вклучете го.
OBJ_BUCH-1986-003.book Page 123 Tuesday, July 7, 2015 12:12 PM