User Manual

Македонски | 125
Bosch Power Tools 2 609 141 284 | (7.7.15)
При првото преминување со уредот, грубо се
прикажува позицијата на металниот објект. Доколку
поминете повеќе пати со мерниот уред преку
металниот објект, ќе се прецизира препознавањето
на објектот. Доколку поминете повеќе пати (без да
го подигате мерниот уред) може точно да се
прикаже позицијата на металниот објект: Доколку
сигналните светла 2 светат црвено и се слуша
сигнален тон, има метален објект под полето на сензорот. Доколку
висината на сигналниот тон е на највисоко ниво, металниот објект се
наоѓа под средината на сензорот.
Барање на струјни кабли
Металниот уред прикажува кабли, кои спроведуваат напон меѓу
110 V и 240 V и чија фреквенција одговара на пошироко користениот
стандард (наизменична струја со 50 одн. 60 Hz). Другите кабли
(истосмерна струја, повисока/пониска фреквенција или напон) како
и каблите што не спроведуваат струја не може точно да се одредат, но
ќе се прикажат како метални објекти.
При секое мерење, автоматски се врши барање на струјни кабли.
Доколку се пронајде струен кабел, сигналните светла 2 трепкаат
црвено и се слуша пулсирачки брз сигнален тон. Повторете го
движењето над површината со мерниот уред, за поточно да ги
лоцирате струјните кабли. Доколку поминете повеќе пати, позицијата
на струјниот кабел ќе се прикаже попрецизно.
Струјните кабли може полесно да се пронајдат (напр. светла, уреди),
доколку истите се приклучени и вклучени на кабелот што се бара.
Исклучете ги потрошувачите на струја, пред да дупчите во ѕид, сечете
или глодате.
Напомена: Постојано внимавајте на тоа, цврсто да го држите мерниот
уред во дланката без ракавици, за да овозможите добро заземјување.
Освен тоа, внимавајте на тоа дека каблите/конструкциите мора да
бидат заземјени. Притоа, избегнувајте кабли/конструкции чии потпори
на дното имаат пластични капачиња. Не носете изолирани обувки.
Под одредени околности (како на пр. зад метални површини, зад
многу суви или многу влажни површини) струјните кабли не може да
се пронајдат со сигурност. Доколку над голема површина, сигналните
светла 2 светат жолто или црвено, материјалот електрично се
заштитува и барањето на струјни кабли не е прецизно.
OBJ_BUCH-1986-003.book Page 125 Tuesday, July 7, 2015 12:12 PM