User Manual

126 | Македонски
2 609 141 284 | (7.7.15) Bosch Power Tools
Совети при работењето
Не го држете мерниот уред во полето на сензорот, за да не влијае на
мерењето. Со тоа ќе постигнете поточни мерни резултати.
Обележување на објекти
Пронајдениот објект, по потреба може да го обележите.
Надворешните рабови на еден објект може да ги пронајдете преку
менувањето на сигналите светла 2 од жолто во црвено. Средината на
металниот објект може да ја утврдите со помош на висината на тонот.
Местото што го барате обележете го со молив на горните и
страничните обележувачи 1.
Постојано трепкање зелено/жолто/црвено
Доколку сигналното светло 2 трепка наизменично зелено, жолто и
црвено, иако нема метален објект или струен кабел во близина,
мерниот уред мора да се прати на сервис.
Одржување и сервис
Рачна калибрација
Доколку сигналните светла 2 светат црвено или жолто, иако не се
наоѓа метал во близина на мерниот уред, мерниот уред мора одново
да се калибрира.
Вклучете го мерниот уред со прекинувачот за вклучување/
исклучување 3.
Извадете една батерија од вклучениот мерен уред.
Исклучете го мерниот уред со прекинувачот за вклучување/
исклучување 3 додека е извадена батеријата.
Повторно ставете ги батериите во мерниот уред (внимавајте на
половите!).
Отстранете ги сите објекти во близина на мерниот уред (и рачните
часовници или прстенот од метал) и држете ги во воздух.
Вклучете го мерниот уред со прекинувачот за
вклучување/исклучување 3 и во рок од 3 секунди повторно
вклучете го. Сигналните светла 2 на мерниот уред полека трепкаат
црвено 3 секунди, за да ја покажат подготвеноста за калибрација.
OBJ_BUCH-1986-003.book Page 126 Tuesday, July 7, 2015 12:12 PM