Operation Manual
106 | Македонски
2 609 007 739 | (13.11.13) Bosch Power Tools
Специјални безбедносни напомени за работење со
жичани четки
Внимавајте на тоа дека и за време на вообичаената
употреба на жичаните четки, може да се изгубат
делови од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците
со висок притисок на површината. Деловите од
жицата може да летнат и да навлезат низ лесната облека
и/или во кожата.
Доколку користите заштитна хауба, не дозволувајте
таа да дојде во контакт со жичаните четки. Четките во
облик на чинија или лонец, заради притисокот и
центрифугалната сила може да го зголемат својот
дијаметар.
Дополнителни сигурносни напомени
Носете заштитни очила.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
Деблокирајте го прекинувачот за
вклучување/исклучување и ставете го во позиција
Исклучено, доколку се прекине напојувањето со
струја, на пр. по снемување струја или влечење на
струјниот приклучок. Со тоа ќе спречите
неконтролирано рестартирање на уредот.
Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење, грубо брусење
и четкање на метални и камени материјали без употреба
на вода.
За сечење со композитни брусни средства мора да се
користи специјална заштитна хауба за сечење.
При сечење во камен мора да се погрижите за и
вшмукувањето на правта.
Со дозволените апарати за брусење електричниот апарат
може да се користи за брусење со брусна хартија.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Лост за отклучување на заштитната хауба
2 Копче за блокирање на вретеното
3 Прекинувач за вклучување/исклучување
4 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
5 Вретено за брусење
6 Заштитна хауба за брусење
7 Приклучна прирабница
8 Брусна плоча*
9 Стезна навртка
10 Заштитна хауба за сечење*
11 Брусна плоча за сечење*
12 Заштита за дланките*
13 Гумен брусен диск*
14 Лист за брусење*
15 Тркалезна навртка*
16 Лончеста четка*
17 Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка *
18 Дијамантска брусна плоча за сечење*
19 Рачка (изолирана површина на дршката)
20 Заштита (само 3 603 CA2 0..)
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
OBJ_BUCH-1874-002.book Page 106 Wednesday, November 13, 2013 11:37 AM