Instructions

Table Of Contents
160 | Македонски
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на батеријата
u Користете ги само полначите коишто се наведени
во техничките податоци. Само овие полначи се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен алат.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
u По автоматското исклучување на електричниот
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Вадење на батеријата
За да ја извадите батеријата притиснете на копчињата за
отклучување батеријата и извлечете ја наназад од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Приказот на наполнетост на батеријата (9) при
половично или целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување (11) за неколку секунди ја
прикажува наполнетоста на батеријата и се состои од 3
зелени LED светилки.
LED светилки Капацитет
Трајно светло 3x зелено 75–100%
Трајно светло 2x зелено 40–75%
Трајно светло 1x зелено 15–40%
Бавно трепкање на светлото 1x зелено 0–15%
3-те LED-светилки на приказот за наполнетост на
батеријата брзо трепкаат, доколку температурата на
батеријата е надвор од опсегот на работна
температура од –30 до +65°C и/или реагира
заштитата од преоптоварување.
Промена на алат (види слика A)
u Електричниот алат може многу да се затопли при
работа. Оставете го да се излади пред да го фатите.
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (11)
не е притиснат, вретеното за дупчење ќе се фиксира. Ова
овозможува брзо, лесно и едноставно менување на
алатот што се вметнува во главата за дупчење.
Отворете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (2) со
вртење во правец , додека не се стави алатот. Вметнете
го алатот.
Чаурата на брзозатезната глава за дупчење (2) свртете ја
цврсто со рака во правец . Со тоа, главата автоматски
се заклучува.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
1 609 92A 6RH | (19.10.2021) Bosch Power Tools