Basic Guide

Опасно е да се менуваат спецификациите
или да се вршат какви и да било измени на
производот. Секое оштетување на кабелот
може да предизвика краток спој, пожар и/
или струен удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сите електрични
делови (кабелот за струја, приклучокот,
компресорот) мора да ги заменува
сертифициран или квалификуван сервисер.
1. Кабелот за струја не смее да се
продолжува.
2. Проверете приклучокот за во штекер да
не е смачкан или оштетен од задниот
дел на уредот. Смачкан или оштетен
приклучок за во штекер може да се
прегрее и да предизвика пожар.
3. Внимавајте приклучокот во
електричната мрежа да е пристапен.
4. Не влечете го кабелот.
5. Ако штекерот е разлабавен, не
вметнувајте го приклучокот во него.
Постои опасност од струен удар или
пожар.
6. Апаратот не смее да работи без капакот
за ламбата
7)
на внатрешното светло.
Апаратот е тежок. Треба да се внимава кога
се поместува.
Не вадете ги и не допирајте ги предметите
во преградите на замрзнувачот ако рацете
ви се мокри или влажни, зашто така може
да дојде до гребење на кожата и
смрзнатици.
Избегнувајте подолга изложеност на
апаратот на директна сончева светлина.
Секојдневна употреба
Не ставајте жешки садови на пластичните
делови на апаратот.
Не чувајте запаливи гасови и течности во
апаратот, зашто тие може да експлодираат.
Не ставајте прехранбени продукти
директно врз отворите за воздух на задниот
ѕид.
8)
Смрзнатата храна не смее повторно да се
смрзнува откако ќе се одмрзне.
Чувајте ја претходно спакуваната смрзната
храна во согласност со упатствата на
нејзиниот производител.
Мора строго да се почитуваат препораките
за чување на производителот на апаратот.
Не ставајте содирани или газирани
пијалаци во преградите на замрзнувачот,
бидејќи тие создаваат притисок во садот,
што може да предизвика негово
експлодирање, што може да заврши со
оштетување на апаратот.
Смрзнатите лижавчиња може да
предизвикаат смрзнатици ако се
конзумираат веднаш.
Нега и чистење
Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го приклучокот за струја од
штекерот.
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите внатрешни
додатоци со млака вода и малку неутрален
сапун за да се отстрани карактеристичниот
мирис на новите производи, па исушете го
темелно.
Не чистете го апаратот со метални
предмети.
Не користете остри предмети за вадење на
мразот од апаратот. Користете пластична
гребалка.
Никогаш не користете фен за коса или
други апарати за греење за да го забрзате
одмрзнувањето. Претераната топлина
може да ја оштети пластичната
внатрешност, така што влагата ќе навлезе
во електричниот систем и ќе го стави под
напон.
Местење
ВАЖНО За електричното поврзување,
внимателно постапете според упатствата
дадени во одделните пасуси.
Распакувајте го апаратот и проверете да не
е оштетен. Не приклучувајте го апаратот
ако е оштетен. Веднаш пријавете ги
евентуалните оштетувања таму каде што
сте го купиле апаратот. Во тој случај,
престанете со распакување.
Препорачливо е да се почека најмалку
четири часа пред да се приклучи апаратот
за да може маслото да се врати во
компресорот.
Околу апаратот треба да има соодветно
кружење на воздухот - без него може да
дојде до прегревање. За да се постигне
доволно проветрување, следете ги
упатствата за местење.
Меѓу ѕидот и апаратот треба да има
извесно растојание за да може капакот да
се отвора целосно.
Апаратот не смее да се наоѓа блиску до
радијатори или плински шпорети.
Внимавајте приклучникот за струја да е
пристапен по местењето на апаратот.
7) Ако е предвиден капак за ламбата
8) Ако апаратот е со заштита од смрзнување
12 electrolux