User manual

ВАЖНО Во случај на случајно
одмрзнување, на пример поради
снемување струја, ако немало струја
подолго време отколку под ставката
"време на одржување" во табелата за
технички карактеристики, одмрзнатата
храна мора да се изеде брзо или да се
зготви веднаш, а потоа повторно да се
смрзне (откако ќе се излади).
Календар за смрзнување
Симболите прикажуваат различни
видови смрзната храна.
Броевите укажуваат на времето за
чување во месеци за соодветниот вид
смрзната храна. Дали ќе важи помалата
или поголемата вредност на покажаното
време за чување зависи од квалитетот
на храната и од обработката пред
мрзнењето.
Отворање и затворање на капакот
Бидејќи капакот има гума што затвора
херметички, не е лесно повторно да се
отвори веднаш откако ќе се затвори
(поради вакуумот што се создава
внатре).
Почекајте неколку минути пред потворно
да го отворите сандакот. Вакуумскиот
вентил ќе ви помогне да го отворите
капакот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не влечете ја
рачката со голема сила.
Корпи
Обесете ги корпите на горниот раб на
замрзнувачот (Х) или ставете ги во него
(Y). Свртете ги и забравете ги рачките за
овие две положби како што е прикажано
на сликата.
X
Y
Корпите ќе влезат една во друга.
Следниве слики покажуваат колку корпи
може да се стават во внатрешноста на
разни модели на замрзнувачот.
595
230
795 935 1050
160013251190
Може да купите дополнителни корпи од
локалниот сервисен центар.
Помошни напомени и совети
Совети за смрзнување
За најдобро користење на
смрзнувањето, еве неколку важни
совети:
максималното количество храна што
може да се смрзне за 24 часови е
покажано на плочката со
спецификации;
смрзнувањето трае 24 часа. Не треба
да се додава храна за смрзнување во
тој период;
смрзнувајте само квалитетна, свежа и
убаво измиена храна;
поделете ја храната во мали порции за
да може брзо и целосно да се смрзне
и за да овозможите одмрзнување само
на потребните количества;
завиткајте ја храната во алуминиумска
или пластична фолија убаво и
стегнато;
не дозволувајте свежата несмрзната
храна да ја допира храната што е веќе
смрзната, за да не ја загреете вторава;
немасната храна се чува подобро и
подолго отколку масната; солта го
намалува векот на чување на храната;
electrolux 27