User manual

6.3 Тврдина и проводливост на
водата
Тврдината на водата е различна за различни
локации. Тврдината на водата има влијание
врз проводливоста на водата и врз сензорот
за проводливост на апаратот. Ако ја знаете
вредноста на проводливоста на водата, може
да го прилагодите сензорот да суши со
подобри резултати.
Прилагодување на сензорот за проводливост
1. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите апаратот
2. Притиснете ги и држете ги допирните
површини (A) и (B) истовремено додека не
се вклучи еден од следните показатели:
(ниска <300 µS/cm)
(средна 300-600 µS/cm)
(висока >600 µS/cm)
3. Притискајте на допирната површина (E)
повторно и повторно додека не се појави
показателот за точното ниво.
4. За да го потврдите прилагодувањето,
притиснете и задржете ги истовремено
отприлика 2 секунди допирните површини
(A) и (B).
7. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
Пред првата употреба на апаратот
1. Исчистете го барабанот на апаратот со
навлажнета мека крпа.
2. Стартувајте кратка програма (на пр. 30
минути) со влажни алишта.
7.1 Започнување програма без
одложен почеток
1. Подгответе ги алиштата и наполнете го
апаратот.
2. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите апаратот.
3. Поставете ја соодветната програма и
опциите според видот на алишта.
На екранот се прикажува
времетраењето на програмата.
4. Притиснете на допирната површина Start/
Pause (Старт/Пауза) , програмата
започнува.
ВНИМАНИЕ
Внимавајте кога ја затворате вратата
алиштата да не се фаќаат помеѓу
вратата на апаратот и гумениот
заптивач.
7.2 Почнување на програмата со
одложен почеток
1. Поставете ја соодветната програма и
опциите според видот на алишта.
2. Притискајте го копчето за одложен
почеток повторно и повторно додека на
екранот не се прикаже времето на
одложување што сакате да го поставите.
Можете да го одложите почетокот на
програма за сушење од минимум 30
минути до максимум 20 часа.
3. Притиснете на допирната површина Start/
Pause (Старт/Пауза) , одбројувањето
започнува. Екранот го покажува
одбројувањето на одложениот почеток.
Кога ќе заврши одбројувањето,
програмата започнува.
7.3 Промена на програма
1. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го исклучите апаратот
2. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите апаратот.
3. Поставете ја програмата.
7.4 На крај од програмата
Кога програмата е завршена,
Вклучен е нерамномерен звучен сигнал.
Показателот
трепка.
Показателот
се пали.
Показателот Start/Pause (Старт/Пауза) е
вклучен.
Апаратот продолжува да работи со фазата
против туткање отприлика 30 минути.
24
www.electrolux.com