User Manual

www.electrolux.com
118
5. КОНТРОЛИ
Аспираторот се испорачува со командна
табла со регулатор на брзините на
издувување и регулатор за осветлението
над плочата од шпоретот.
Користете ја најголемата брзина во
случај на невообичаена концентрација
на пареи во кујната. Ви препорачуваме
да го вклучите издувувањето 5 минути
пред да започнете со готвењето и да го
оставите да работи
околу 15 минути по
завршување на готвењето.
Командите се наоѓаат на предната табла
од апаратот:
1 2 5 3 4
1 Копче ON (вклучи)/OFF (исклучи)
/намалување на брзината (моќ) на
вшмукување
2 Копче зголемување на брзината
(моќ) на вшмукување 1 - 2 - 3. - 4.
Брзините (моќите) на вшмукување
3. и 4. имаат ограничено траење,
соодветно на 10 и 5 минути потоа
се активира брзината (моќ) на
вшмукување 2.
Забелешка: Лед ламбата на екранот
светка за да го означи темпирањето
на брзината.
3 Копче ON (вклучи)/OFF (исклучи)
осветлување
4 Копче за функцијата „Breeze”
(Вентилација на околината)
Капакот се пали на ниска брзина
(моќ) на вшмукување на околу еден
час потоа се исклучува.
5 Екран
Покажувач на заситување на
филтрите
На редовни интервали на
функционирање капакот предупредува
кога е потребно да се изврши чистење
на филтрите.
Покажувач на заситување на
филтерот за масти
На екранот се појавуваат наизменично
поставената брзина и буквата „F“.
Покажувач на заситување на
филтерот за јаглен
На екранот се појавуваат наизменично
поставената брзина и буквата „C“.
Ресетирање на индикаторот на
заситеност
За да го ресетирате индикаторот на
заситеност,
вклучете го аспираторот и притиснете го
и држете го
копчето 1 околу 3 секунди.
Извршете го одржувањето на филтрите
како што е прикажано во ова упатство.
Во случај ако двата индикатори на
заситеност на филтритеFиC
започнат да светкаат, извршете
ресетирање двапати.
Индикаторот за заситеност на филтерот
на јаглен вообичаено не е активен
а ако аспираторот се користи во
филтрирачката верзија тогаш треба да
се активира првиот пат рачно.
Активирање на индикаторот за
заситеност на филтерот на јаглен:
Исклучете го аспираторот и притиснете
ги истовремено копчињата 2 и 3 околу
3 секунди.
На дисплејот светкаат околу 2 секунди
буквитеFиCза да го прикажат
активирањето на индикаторот за
заситеност на филтерот на јаглен.
Деактивирање на индикаторот за
заситеност на филтерот на јаглен:
Исклучете го аспираторот и притиснете
ги истовремено копчињата 2 и 3 околу
3 секунди. На дисплејот светка околу
2 секунди само букватаFза да го
прикаже деактивирањето на индикаторот
за заситеност на филтерот на јаглен.
Аларм за температурата
Аспираторот е опремен со сензор за
температура кој го активира моторот во
3-та брзина во случај ако температурата
во зоната на приказ се зголеми премногу.