User manual

мора да има контактен отвор со ширина од
најмалку 3 mm.
Користете само правилни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи на
линија, осигурувачи (осигурувачи на
вртење извадени од држачот), заземјување
и контактори.
Поврзување на гас
Секое поврзување на гас треба да биде
направено од квалификувано лице.
Овозможете кружење на воздух околу
апаратот.
Информациите за доводот на гас се на
плочката со податоци.
Овој апарат не смее да се поврзува со
уред кој служи за евакуација на запаливи
производи. Овозможете поврзување на
апаратот според тековните прописи за
монтажа. Внимавајте на условите кои се
дадени за соодветната вентилација.
УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Постои опасност од повреда,
изгореници или електричен шок.
Користете го апаратот само во домашни
услови.
Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат.
Не управувајте со апаратот со надворешен
тајмер или со посебен далечински-
контролен систем.
Не оставајте го апаратот без надгледување
додека работи.
Не ракувајте со апаратот со влажни раце
или кога тој има контакт со вода.
Не ставајте прибор за јадење или капаци
од тенџериња на ринглата. Тие може да
станат жешки.
Исклучувајте ги ринглите на „off“ по секоја
употреба.
Не користете го апаратот како работна
површина или како површина за оставање
предмети.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Постои опасност од експлозија или
пожар.
Маснотиите и маслото кога се загреани
може да испуштат запалива пареа. Држете
го оганот или загреаните предмети
подалеку од маснотиите и маслата кога
готвите со нив.
Пареата којашто ја испушта маслото
коешто е многу жешко може да предизвика
спонтано запалување.
Искористеното масло, коешто го содржат
остатоците од храната, може да
предизвика пожар на пониска температура
од маслото коешто се користи за прв пат.
Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи средства
во, блиску до или на апаратот.
Не пробувајте да го изгасните огнот со
вода. Исклучете го апаратот и покријте го
оганот со капак или со ќебе за пожар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од оштетување на
апаратот.
Не чувајте жешки садови за готвење на
контролната табла.
Не оставајте садовите за готвење да вријат
на суво.
Не оставајте ги садовите за готвење да се
оладат на површината за готвење.
Не користете ги ринглите со празни садови
за готвење или без нив.
Не ставајте ја алуминиумската фолија на
апаратот.
Не дозволувајте кисели течности, како што
е оцетот, лимоновиот сок или средствата
за отстранување бигор да допрат до
површината за готвење. Ова ќе создаде
матирани делови.
Обезбедете добра вентилација во собата
каде е монтиран апаратот.
Погрижете се отворите за вентилација да
не се блокирани.
Користете само стабилни садови за
готвење со правилен облик и дијаметар не
поголем од димензиите на пламениците.
Постои ризик од прегревање и пукање на
стаклената површина (ако е применливо).
Осигурете се дека пламенот нема да
згасне кога брзо ќе го свртите копчето од
максималната во минималната положба.
Осигурете се дека тенџерињата се
централно поставени на прстените и не
излегуваат надвор од краевите на
површините за готвење.
Користете го само дополнителниот прибор
испорачан заедно со апаратот.
46
www.electrolux.com