User manual

1.
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Овој апарат е погоден за следниве пазари:
AL
BG MK RO RS
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги доставените
упатства. Производителот не е одговорен ако
неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања.
Секогаш чувајте го упатството со апаратот за
идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи
лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од задушување, повреда или
траен инвалидитет.
Овој апарат можат да го користат деца над
8 години и лица со намалени физички,
сензорни или ментални способности или
лица без искуство и знаење доколку тоа го
прават под надзор или им биле дадени
упатства како да го употребуваат апаратот
од страна на лице кое е одговорно за
нивната безбедност.
Не дозволувајте деца да си играат со
апаратот.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат
на деца.
Држете ги децата и миленичињата
подалеку од апаратот кога тој работи или
кога се лади. Деловите кои се достапни се
жешки.
Ако апаратот има безбедносен уред за
деца, Ви препорачуваме да го активирате.
Чистењето и одржувањето не треба да
биде правено од страна на деца без нивен
надзор.
1.2 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Апаратот мора да биде монтиран
само од квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа.
Никогаш не монтирајте и не користете
оштетен апарат.
Следете ги инструкциите за монтирање
дадени со апаратот.
Одржувајте минимална оддалеченост од
другите апарати и делови.
Бидете внимателни кога го преместувате
апаратот затоа што е тежок. Секогаш
носете заштитни ракавици.
Залепете ги засечените површини со лепак
за да спречите влагата да предизвика
надигнување.
Заштитете го дното од апаратот од пареа и
влага.
Не го монтирајте апаратот во близина на
врата или под прозорец. На овој начин ќе
спречите некој жежок сад за готвење да
падне од апаратот кога вратата или
прозорецот се отворени.
Ако апаратот е монтиран над фиоки,
внимавајте просторот помеѓу дното од
апаратот и горната фиока да е доволен за
циркулација на воздух.
Дното на апаратот може да стане жежок.
Ви препорачуваме да монтирате
незапалива плоча за одделување под
апаратот за да спречите пристап до дното.
Поврзување на струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар и електричен
шок.
Сите поврзувања на струја мора да бидат
направени од квалификуван електричар.
Пред секое поврзување бидете сигурни
дека терминалот на апаратот не е активен.
Бидете сигурни дека апаратот е точно
инсталиран. Лабави и несоодветни
приклучоци за струја и штекери можат да
го прегреат терминалот.
Бидете сигурни дека е монтирана
заштитата од електричен шок.
Внимавајте каблите да не го допираат
апаратот или некој жежок сад за готвење
кога го поврзувате апаратот со блиските
штекери.
Не оставајте ги каблите да се заплеткаат.
Користете држач за олабавување на
кабелот.
Користете правилен кабел.
Внимавајте да не ги оштетите приклучокот
за струја и кабелот. Контактирајте со
сервисниот центар или со електричар за да
го смените оштетениот кабел.
МАКЕДОНСКИ 29