User manual

Флексибилната цевка е подготвена за
примена кога:
не може да се загрее повеќе од собна
температура, повисоко од 30°C;
не е подолга од 1500 mm;
нема затнувања;
не е изложена на истегнување или
усукување;
не доаѓа во допир со остри рабови или
агли;
може лесно да се прегледа за да се утврди
состојбата.
Контролата на состојбата на флексибилната
цевка се состои во проверка на следниве
работи:
да не е напукната, расечена или подгорена
на двата краја и по целата должина;
материјалот да не е стврднат, туку да е
правилно еластичен;
стегите да не се 'рѓосани;
рокот на траење да не е поминат.
Ако се забележат една или повеќе
неправилности, не поправајте ја цевката, туку
заменете ја.
Кога монтажата е завршена,
проверете дали заптивката на секоја
цевка е соодветна. Употребете
сапунеста течност, не пламен!
7.2 Замена на дизните
1.
Отстранете ги држачите за садови.
2.
Отстранете ги капаците и круните од
пламеникот.
3.
Одвртете ги вбризгувачите со клуч бр. 7
и заменете ги со други, потребни за
типот на користениот гас (погледнете ја
табелата во поглавјето „Технички
податоци“).
4.
Составете ги деловите следејќи ја истата
процедура по обратен редослед.
5.
Заменете ја плочката со спецификации
(се наоѓа близу цревото за довод на гас)
со онаа за новиот тип за довод на гас.
Плочката ќе ја најдете во пакувањето
испорачано со апаратот.
Ако притисокот за довод на гас е променлив
или различен од потребниот притисок морате
да наместите применлив прилагодувач за
притисок на цревото за довод на гас.
7.3 Прилагодување на
минималното ниво
За регулирање на минималното ниво на
пламениците:
1.
Запалете го пламеникот.
2.
Свртете го копчето на минималната
положба.
3.
Извадете го копчето.
4.
Со тенок штрафцигер прилагодете ја
позицијата на штрафот за премостување.
A
A)
Навртка за минимално прилагодување
Ако се префрлувате од природен гас G20
20 mbar (или природен гас G20 13 mbar
3)
)
на течен гас, целосно стегнете го штрафот
за премостување.
Ако се префрлувате од течен гас на
природен гас G20 20 mbar, одвртете го
штрафот за премостување за околу 1/4
вртење (1/2 вртење за пламеник со тројна
круна).
Ако се префрлувате од природен гас G20
20 mbar на природен гас 13 mbar,
3)
одвртете го штрафот за премостување за
околу 1/4 вртење (1/2 вртење за пламеник
со тројна круна).
Ако се префрлувате од течен гас на
природен гас G20 13 mbar
3)
, одвртете го
штрафот за премостување за околу 1/2
вртење (1 вртење за пламеник со тројна
круна).
Ако се префрлувате од природен гас G20
13 mbаr на природен гас G20 20 mbar ,
3)
затегнете го штрафот за премостување за
околу 1/4 вртење (1/2 вртење за пламеник
со тројна круна).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Проверете дали пламенот се гасне
кога брзо ќе го свртите копчето од
максималната во минималната
положба.
3)
само за Русија
МАКЕДОНСКИ 37