User manual

Не’рѓосувачки челик
За рабовите на површината за
готвење од не'рѓосувачки челик
користете специјално средство за
чистење не'рѓосувачки челик.
Рабовите од не’рѓосувачки челик на
плотната може да ја променат
бојата како резултат на високата
температура.
Измијте ги деловите од
не’рѓосувачки челик со вода, а
потоа избришете ги со мека крпа.
За да ја отстраните загорената
храна и тврдокорните дамки,
оставете ги да киснат во мала
количина благ детергент пред
чистењето.
Користете производи за чистење
посебно наменети за чистење
не'рѓосувачки челик за да ги
заштитите челичните површини.
Не користете производи за чистење
што содржат корозивни хемикалии,
какви што се хлориди, не чистете ја
површината дезинфициенси,
средства за отстранување дамки
или 'рѓа и средства за чистење со
потопување.
6.2 Држачи за садови
Држачите за садови не се
отпорни на миење во
машина за миење садови.
Тие мора да се мијат
рачно.
1. За полесно чистење на
површината за готвење, можете да
ги извадите држачите за садови.
Бидете многу
внимателни при
враќањето на држачите
за садови за да
спречите оштетување
на горниот дел на
површината за
готвење.
2. Облогата од емајл понекогаш
може да има остри рабови, па
бидете внимателни кога ги миете и
бришете држачите за садови. Ако
е потребно, отстранете ги
тврдокорните дамки со крем-
детергент.
3. Откако ќе ги исчистите држачите
за садови, проверете дали се
наместени на точната положба.
4. За да работат пламениците
правилно, погрижете се рачките на
држачите за садови да бидат
порамнети со центарот на
пламеникот.
6.3 Чистење на плочата за
готвење
Веднаш отстранете: стопена
пластика, пластична фолија и храна
што содржи шеќер. Во спротивно,
нечистотијата може да предизвика
оштетување на плотната за
готвење. Внимавајте да не се
изгорите.
Извадете ги откако апаратот е
доволно изладен: прстени од
бигор, вода, дамки од маснотии,
светкави метални промени на
бојата. Чистете ја плочата за
готвење со влажна крпа и
неабразивен детергент. По
чистењето, избришете ја плочата
за готвење со мека крпа.
За чистење на емајлираните
делови, капакот и круната, измијте
ги со топла сапуница и исушете ги
внимателно пред да ги вратите
назад.
6.4 Чистење на свеќичката
Оваа функција се добива преку
керамичка свеќичка за палење со
метална електрода. Секогаш држете
ги овие компоненти многу чисти за да
избегнете отежнато палење и редовно
проверувајте да не се затнати дупките
од круната на пламеникот.
МАКЕДОНСКИ 31