User manual

СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПАЛЕЊЕ НА ПЛАМЕНИКОТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Бидете многу внимателни кога
користите отворен оган во кујната.
Производителот не прифаќа никаква
одговорност во случај на погрешно
користење на пламенот.
Секогаш палете го пламеникот пред
да ги ставите садовите за готвење.
За да го запалите пламеникот:
1.
Завртете го соодветното контролно копче
на лево до максималната положба (
) и притиснете го надолу.
2.
Држете го контролното копче притиснато
околу 5 секунди; тоа ќе го загрее
термоелементот. Ако не, доводот на гас
ќе се прекине.
3.
Регулирајте го пламенот откако ќе се
стабилилизира.
Доколку по неколку обиди
пламеникот не се запали, проверете
дали круната и нејзината капа се во
правилна положба.
A
B
C
D
A)
Капак на пламеникот
B)
Круна на пламеникот
C)
Свеќа за палење
D)
Термоeлемент
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не држете го копчето притиснато
подолго од 15 секунди.
Ако пламеникот не се запали по 15
секунди, отпуштете го контролното
копче, свртете го кон позиција за
исклучување и по 1 минута обидете
се да го запалите пламеникот
повторно.
Ако нема струја, пламеникот можете
да го запалите без електричен уред;
приближете пламен до пламеникот,
притиснете го соодветното копче
надолу и свртете го налево на
положба за максимално испуштање
на гас.
Ако пламеникот случајно се изгасне,
свртете го копчето во исклучена
положба и обидете се повторно да го
запалите пламеникот по најмалку
една минута.
Кога електричната мрежаќе се вклучи
по инсталација или снемување
струја, нормално е генераторот на
искри да се активира автоматски.
ГАСЕЊЕ НА ПЛАМЕНИКОТ
Притиснете и завртете го контролното копче
во десно, кон симболот
.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Намалете го пламенот или исклучете
го пред да ги тргнете тенџерињата од
пламеникот.
РАКУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ
РИНГЛИ
ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
Ставете сад полн со вода на сите рингли.
Поставете ја максималната позиција и
апаратот нека работи приближно 10 минути
додека водата во садовите не зоврие. Потоа,
апаратот нека работи на минималната
позиција 20 минути. За ова време може да се
појави мирис и чад. Тоа е нормално.
Погрижете се да има доволно проветрување.
По оваа операција, исчистете го апаратот со
мека крпа натопена во топла вода.
24
www.electrolux.com