User manual

Пламеник Дијаметри на садовите за
готвење
Полу-брз 120 - 220 mm
Помошен 80 - 160 mm
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Потрудете се дното на тенџерето да
не стои над контролните копчиња.
Доколку контролните копчиња се под
дното на тенџерето, оганот ги
загрева.
Не ставајте ја истата тава на два
пламеника.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Потрудете се рачките на тенџерето
да не бидат над предниот раб на
површината за готвење. Потрудете
се тенџерињата да бидат централно
поставени над прстените за да
постигнете максимaлна стабилност и
намалена потрошувачка на гас.
Не ставајте нестабилни или оштетени
тенџериња на прстените за да се заштитите
од преливање и повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не употребувајте дифузер на
пламен.
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Исклучете го апаратот и оставете го
да се излади пред да го чистите.
Пред чистење или одржување,
исклучете го апаратот од струја.
Гребаниците и темните дамки на
површината не влијаат врз работата
на апаратот.
За полесно чистење на површината за
готвење можете да ги извадите држачите
за тави.
За чистење на емајлираните делови,
капакот и круната, измијте ги со топла вода
со сапуница и исушете ги внимателно пред
да ги вратите назад.
Измијте ги деловите од не’рѓосувачки челик
со вода, а потоа исушете ги со мека крпа.
Држачите за садови не се перат во машина
за миење садови. Тие мора да се мијат
рачно.
Слојот од емајл понекогаш може да има
остри рабови, па бидете внимателни кога
ги миете и сушите потпорите за тавата. Ако
е потребно, отстранете ги тврдокорните
дамки со крем-детергент.
Погрижете се по чистењето правилно да ги
поставите држачите за садови.
За да работат пламениците правилно,
погрижете се рачките на држачите за
садови да бидат во центарот на
пламеникот.
Бидете многу внимателни при замената на
држачите за садови за да спречите
оштетување на горниот дел на површината
за готвење.
По чистењето, исушете го апаратот со мека
крпа.
Отстранување на нечистотиите:
1.
Веднаш отстранете: стопена пластика,
пластична фолија и храна што содржи
шеќер.
Исклучете го апаратот и оставете го
да се излади пред чистењето на:
прстени од бигор, водени прстени,
дамки од маснотии, светкави метални
промени на бојата. Користете
специјално средство за чистење
наменето за површини за готвење.
2.
Исчистете го апаратот со влажна крпа и
малку детергент.
36
www.electrolux.com