User manual

Не оставајте го апаратот без
надзор додека работи.
Поставувајте ја ринглата на
„исклучено“ („off“) по секоја
употреба.
Не ставајте прибор за јадење или
капаци од тенџериња на ринглите.
Тие може да станат жешки.
Не ракувајте со апаратот со влажни
раце или кога тој има контакт со
вода.
Не употребувајте го апаратот како
работна површина или како простор
за складирање.
Кога ставате храна во жешко
масло, може да прска.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од пожар и
изгореници
При загревање, маснотиите и
маслото можат да испуштаат
запаливи пареи. Држете го огнот
или загреаните предмети подалеку
од маснотиите и маслата кога
готвите со нив.
Пареата што ја испушта маслото
коешто е многу жешко може да
предизвика спонтано запалување.
Искористеното масло кое може да
содржи остатоци од храна, може да
предизвика пожар на пониска
температура од маслото што се
користи за прв пат.
Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување
на апаратот.
Не чувајте жешки садови за
готвење на контролната табла.
Не оставајте ги садовите за
готвење да вријат на суво.
Внимавајте предметите или
садовите за готвење да не паднат
на апаратот. Може да се оштети
површината.
Не вклучувајте ги ринглите со
празни садови за готвење или без
садови за готвење.
Не ставајте алуминиумска фолија
на апаратот.
Садовите за готвење направени од
лиено железо, алуминиум или со
оштетено дно може да предизвика
гребнатини на стаклото / стакло-
керамиката. Овие предмети
секогаш кревајте ги кога треба да
ги преместувате на површината за
готвење.
Користете само стабилни садови за
готвење со правилен облик и
дијаметар не поголем од
димензиите на пламениците.
Осигурете се дека садот за готвење
е централно позициониран на
пламениците.
Потрудете се пламенот да не се
изгасне кога брзо ќе го свртите
копчето од максималната во
минималната положба.
Користете го само дополнителниот
прибор испорачан заедно со
апаратот.
Не монтирајте дифузер за пламен
на пламениците.
Употребата на апарат за готвење
на гас произведува топлина и
влага. Обезбедете добра
вентилација во собата каде е
монтиран апаратот.
Продолженото интензивно
користење на апаратот може да
бара дополнителна вентилација, на
пример, отворање прозорец или
поефикасна вентилација, односно
зголемување на јачината на
механичката вентилација, онаму
каде што ја има.
Овој апарат е наменет само за
готвење. Не смее да се користи за
други намени, на пример за
загревање на простории.
Не дозволувајте кисели течности,
како што е оцетот, лимоновиот сок
или средствата за отстранување
бигор да допрат до површината за
готвење. Тоа може да ја оштети
глазурата и сјајот.
Обезбојувањето на емајлот нема
ефект врз работата на апаратот.
МАКЕДОНСКИ 25