User manual

Како да спречите оштетување на
апаратот
Ако на стакло-керамиката падне
предмет или сад за готвење,
површината може да се оштети.
Садовите за готвење од лиено
железо, лиен алуминиум или садови
со оштетено дно може да ја изгребат
стакло-керамичката површина ако се
движат преку неа.
Не оставајте садовите за готвење да
извријат до сушење за да не се
оштетат садовите и стакло-
керамиката.
Не користете ги ринглите со празни
садови или без нив.
Не покривајте ги деловите на
апаратот со алуминиумска фолија.
Не покривајте го просторот за
проветрување од 5 мм меѓу
работната површина и предниот дел
на апаратот под неа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ако на
површината има пукнатина,
извлечете го кабелот од струја за
да спречите струен удар.
МЕСТЕЊЕ
Пред инсталацијата , забележете го
серискиот број (Ser. Nr.) од
плочката со спецификации.
Плочката со спецификации на
апаратот е на неговото долно
куќиште.
EHD60020P
949 594 000 00
58 GAD D5 AU
ELECTROLUX
220-240 V 50-60 Hz
7,4 kW
Induction 7,4 kW
Безбедносни упатства
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Мора да ги
прочитате!
Внимавајте апаратот да не е
оштетен од превозот. Не
поврзувајте оштетен апарат. По
потреба, разговарајте со
испорачувачот.
Овој апарат смее да го монтира,
приклучува или поправа само
овластен сервисен техничар.
Користете само оригинални
резервни делови.
Користете ги апаратите што се
вградуваат само ако се претходно
вградени во соодветни елементи за
вградување и во работни површини
кои ги исполнуваат стандардите.
Не менувајте ги спецификациите и
не вршете измени на производот.
Опасност од повреди или
оштетување на апаратот.
Придржувајте се кон законите,
прописите, директивите и нормите,
кои важат во земјата на примената
(безбедносни одредби, одредби за
рециклирање, правилата за
електрична безбедност итн.)!
Одржувајте минимално растојание
од другите апарати и уреди!
Погрижете се околу заштитата од
струјни удари: на пр. ставете фиоки
под апаратот само ако е наместено
заштитно подножје.
Заштитете ги пресечените
површини од работната површина
од влага со соодветен дихтунг!
Спојте ги апаратот со работната
плоча без процепи, со соодветен
дихтунг!
Заштитете ја долната страна од
апаратот од пареа и влага, на пр.
од машина за миење садови или
рерна.
Не монтирајте го апаратот во
близина на врати и под прозорци!
Ненадејното отворање на вратите
или прозорците може да ги преврти
жешките садови од ринглата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност од
повреда со електрична струја.
Внимателно следете ги упатствата
за електрично поврзување.
Клемата за приклучување на мрежата
е под напон.
Ослободете ја клемата за
приклучување на мрежата од напон.
Инсталирајте ја правилно за да биде
заштитена од струјни удари.
electrolux 3