User manual

7. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
7.1 Што да направите ако...
Проблем Можна причина Решение
Не можете да ја вклучите
или да ракувате со
површината за готвење.
Апаратот не е поврзан со
напојување за струја или
не е правилно поврзан.
Проверете дали
површината за готвење е
правилно поврзана со
електрично напојување.
Видете го дијаграмот за
поврзување.
Избил осигурувач. Проверете дали
осигурувачот е причина
за дефектот. Ако
осигурувачот постојано
прегорува, разговарајте
со квалификуван
електричар.
Не се пали показното
светло за преостаната
топлина.
Ринглата не е жешка
затоа што работела само
кратко време.
Ако ринглата работела
доволно долго за да е
жешка, јавете се во
овластениот сервис.
7.2 Ако не можете да најдете
решение...
Ако не можете самите да го решите
проблемот, обратете се кај вашиот
продавач или во овластениот
сервисен центар. Наведете ги
податоците од плочката за
спецификации. Исто така наведете ја
и троцифрената шифра за стакло-
керамика (се наоѓа во аголот на
стаклената површина).Осигурете се
дека правилно работите со
површината за готвење. Ако
неправилно сте ракувале со
површината за готвење,
сервисирањето од страна на
сервисниот техничар или на
продавачот нема да биде бесплатно,
дури и во гарантниот период.
Упатствата за службата за односи со
корисниците и за условите на
гаранцијата се наведени во
гарантниот лист.
8. МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
8.1 Пред монтажата
Пред да ја монтирате површината за
готвење, напишете ги информациите
подолу од плочката за спецификации.
Плочката со спецификации се наоѓа
на дното од куќиштето на апаратот.
Сериски број (S.N.) ............
МАКЕДОНСКИ 21