User manual

Користете ги индукциските
рингли со соодветни
садови за готвење.
Материјал за садови за готвење
правилно: лиено железо,
емајлиран челик, не’рѓосувачки
челик, дно направено од повеќе
слоеви (со правилна ознака од
производителот).
непогодни: алуминиум, бакар,
бронза, стакло, керамика,
порцелан.
Правилни садови за готвење за
индукциска површина за готвење се
ако:
мала количина вода врие многу
брзо на рингла поставена на
највисока поставка за јачина на
топлината.
магнетот го привлекува дното на
садот за готвење.
Дното на садовите за
готвење треба да е што е
можно подебело и
порамно.
Димензии на садовите за готвење
Индукциските рингли автоматски се
прилагодуваат на димензиите на
дното на садовите за готвење, до
одредена граница.
Ефикасноста на ринглата е поврзана
со дијаметарот на садот за готвење.
Садот за готвење со помал дијаметар
којшто е помал од минималниот
добива само дел од енергијата
којашто ја испушта ринглата.
Видете го поглавјето
„Технички информации“.
5.2 Звуци во текот на
работата
Ако слушате:
звук на пукање: садот за готвење е
направен од различни материјали
(сендвич конструкција).
звук на свиркање: ја користите
ринглата на голема јачина и
садовите за готвење се направени
од различни материјали (сендвич
конструкција).
ѕунење: користите високо
енергетско ниво.
кликање: се јавува електрично
прекинување.
сиктење, бруење: работи
вентилаторот.
Звуците се нормални и не се знак за
неисправност на површината за
готвење.
5.3 Примери на апликации за
готвење
Односот меѓу поставката на
температурата и потрошувачката на
струја на ринглата не е линеарен. Кога
ќе ја зголемите температурата,
потрошувачката на струја на ринглата
не се зголемува пропорционално. Тоа
значи дека рингла поставена на
средна температура користи помалку
од половина од моќноста.
Податоците во табелата се
само дадени како совет.
Поставка на
јачина
Употребете за: Време
(мин.)
Совети
- 1
Одржете ја зготвената
храна топла.
колку
што
треба
Ставете капак на садовите
за готвење.
1 - 2. Холандски сос, топење:
путер, чоколадо, желатин.
5 - 25 Мешајте од време на
време.
www.electrolux.com12