User manual

Информации за акриламиди
ВАЖНО Според најновите научни
сознанија, ако ја препечувате храната
(особено онаа што содржи скроб),
акриламидите може да претставуваат
ризик за здравјето. Затоа,
препорачуваме да готвите на најниски
температури и да не ја препечувате
храната премногу.
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Исклучете го
апаратот и оставете го да се
излади пред да го исчистите. Пред
какво било чистење или
одржување, исклучете го апаратот
од струја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Од
безбедносни причини, не чистете го
апаратот со чистачи на пареа или
чистачи под висок притисок.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не користете
абразивни чистачи, перничиња од
стаклена волна или киселини, тие
може да предизвикаат оштетување
на апаратот.
Гребаници или темни дамки на
стакло-керамичката површина
немаат влијание на работата на
апаратот.
Може да ги извадите држачите за
садовите за лесно да ја исчистите
површината.
За да ги исчистите емајлираните
делови, капакот и круната, измијте ги
со топла сапуница.
Измијте ги деловите од нер’ѓосувачки
челик со вода, а потоа исушете ги со
мека крпа.
Држачите за садови не се отпорни во
машини за миење садови, тие мора
да се мијат на рака .
При миење на држачите за садови на
рака, внимавајте при нивното сушење
бидејќи процесот на емајлирање
повремено остава остри рабови.
Доколку е потребно, отстранете ги
тврдокорните дамки со помош на
крем-детергент.
Погрижете се правилно да ги
поставите држачите за садови по
чистењето.
За да работат пламениците
правилно, погрижете се рачките на
држачите на садовите да бидат во
центарот на пламеникот.
Бидете многу внимателни при
замената на држачите на садовите за
да спречите оштетување на горниот
дел на површината.
По чистењето, исушете го апаратот со
мека крпа.
Отстранување на нечистотиите:
1. Отстранете ги веднаш: стопена
пластика, пластична фолија и
храна што содржи шеќер.
Употребете специјална гребалка
за стакло-керамика. Поставете ја
гребалката под агол врз стакло-
керамичката површина и
отстранете ги остатоците лизгајќи
со сечивото по површината.
Исклучете го апаратот и оставете
го да се излади пред чистењето
на: прстени од бигор, вода, дамки
од маснотии, светкави метални
промени на бојата. Користете
специјално средство за чистење
стакло-керамика или
не`рѓосувачки челик.
2. Исчистете го апаратот со влажна
крпа и малку детергент.
3. На крајот исушете го апаратот со
чиста крпа.
По чистењето на плотната уверете се
дека држачите за садови се правилно
наместени. За правилно да ги
наместите држачите за садови, уверете
се дека рачката од држачот за тавата е
наместен така што се совпаѓа со
дупката во основата на горилникот како
што е прикажано на сликата. На тој
начин, држачот за садови ќе биде
стабилен и фиксиран.
10 electrolux