User manual

11.4 Светло во печката
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Внимавајте кога го заменувате
светлото на печката. Постои
опасност од струен удар.
Пред да го замените светлото на печката:
Исклучете ја печката.
Извадете ги осигурувачите од кутијата или
исклучете го прекинувачот на струјното
коло.
Ставете крпа на долниот дел од
печката за да спречите оштетување
на светлото на печката и на
стакленото капаче.
Замена на светлото во печката
1.
Стакленото капаче за сијаличката се
наоѓа на задниот дел од внатрешноста
на печката.
Свртете го стакленото капаче налево за
да го отстраните.
2.
Исчистете ја стаклената маска.
3.
Заменете ја светилката во печката со
соодветна светилка за печка отпорна на
топлина до 300°C.
Употребете ист тип светло за печка.
4.
Наместете ја стаклената маска.
11.5 Вадење на фиоката
Фиоката под печката може да се извади за
полесно чистење.
1.
Извлечете ја фиоката колку што оди.
1
2
2.
Кренете ја фиоката под мал агол и
извлечете ја од држачите на фиоката.
Ставање на фиоката
1.
Поставете ја фиоката на држачите.
Погрижете се да кваките точно навлезат
во шините.
2.
Спуштете ја фиоката се додека не дојде
во хоризонтална положба и турнете ја
навнатре.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Кога печката работи, во фиоката
може да стане топло. Оттаму, не
чувајте запаливи предмети, како на
пр. средства за чистење, пластични
кеси, ракавици за фаќање садови,
хартија, спреови за чистење, итн.
12. ШТО ДА СТОРИТЕ АКО...
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
Проблем Можна причина Решение
Шпоретот не работи Не е нагодена поставката за
јачина
Подесување јачина
Печката не се загрева Печката не е вклучена. Вклучете ја печката.
Печката не се загрева Часовникот не е поставен Наместете го часовникот
Печката не се загрева Не се поставени потребните
поставки
Проверете ги поставките
МАКЕДОНСКИ 29