User manual

1
Фиоки за зеленчук
2
Полици во внатрешноста
3
Држач за шишиња
4
Контролна табла
5
Полица за млечни производи
6
Полица на вратата
7
Полица за шишиња
8
Фиока во замрзнувач
9
Фиока во замрзнувач
10
Фиока во замрзнувач
11
Плочка со спецификации
3. РАКУВАЊЕ
3.1 Вклучување
Вметнете го приклучникот во ѕиден штекер.
Свртете го регулаторот на температурата
надесно до средната поставка.
3.2 Исклучување
За да го исклучите апаратот, свртете го
регулаторот на температурата во положба
"O".
3.3 Регулирање на температурата
Температурата се регулира автоматски.
За да работите со апаратот, постапете на
следниов начин:
свртете го регулаторот на температурата
кон помалата поставка за да постигнете
минимално ладење.
свртете го регулаторот на температурата
кон поголемата поставка за да постигнете
максимално ладење.
Средната поставка, општо земено, е
најпогодна.
Меѓутоа, точната поставка треба да се
одбере имајќи предвид дека температурата
во внатрешноста на апаратот зависи од:
собната температура
колку често се отвора вратата
количеството храна што се чува
местоположбата на апаратот.
Ако околната температура е висока
или апаратот е целосно наполнет, а
апаратот е поставен на најниската
температура, може да работи
непрестано што ќе предизвика да се
формира мраз на задниот ѕид. Во тој
случај, тркалцето мора да се постави
на повисока температура за да се
овозможи автоматско одмрзнување,
а со тоа и помала потрошувачка на
енергија.
4. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
4.1 Смрзнување свежа храна
Комората на замрзнувачот е погодна за
замрзнување свежа храна и чување смрзната
и длабоко-смрзната храна подолго време.
За да смрзнувате свежа храна не е неопходно
да ја менувате средната поставка.
Меѓутоа, за побрзо смрзнување, свртете го
регулаторот на температурата кон
поголемата поставка за да постигнете
максимално ладење.
Во овие услови, температурата на
комората на фрижидерот може да
падне под 0°C. Ако дојде до тоа,
вратете го регулаторот за
температура на помала поставка.
Ставете ја свежата храна за мрзнење во
горната комора.
4.2 Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен период
некористење, пред да ставите производи во
преградата, оставете апаратот да работи
барем 2 часа на најголемата поставка.
МАКЕДОНСКИ 33