User manual

2. Притиснете го копчето OK за да
потврдите.
Показателот Action Freeze се
прикажува.
Започнува анимација.
Ова функција се исклучува автоматски
по 52 часа.
За да ја исклучите функцијата пред да
заврши автоматски:
1. Притискајте го копчето Mode сè
додека индикаторот Action Freeze
трепка.
2. Притиснете го копчето OK за да
потврдите.
3. Показателот Action Freeze се гаси.
4. Функцијата Eco Mode се обновува ако
претходно била избрана.
ВАЖНО Функцијата се гаси со бирање на
друга зададена температура на
замрзнувачот.
Аларм за висока температура
Зголемувањето на температурата во
замрзнувачката комора (на пример,
поради снемување струја) се покажува
со:
трепкање на показателите на алармот
и температурата на замрзнувачот
се слуша ѕунење.
За ресетирање на алармот:
1. Притиснете на кое било копче.
2. Алармот се исклучува.
3. Показателот на температура на
замрзнувачот неколку секунди ја
покажува највисоката достигната
температура. Потоа повторно ја
прикажува поставената температура.
4. Показателот за алармот продолжува
да трепка додека не се вратат
нормалните услови.
Кога ќе се врати алармот, показателот за
алармот се исклучува.
Прва употреба
Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите
внатрешни додатоци со млака вода и
малку неутрален сапун за да се отстрани
карактеристичниот мирис на новите
производи, па исушете го темелно.
ВАЖНО Не користете детергенти или
груби прашоци, тие може да ја оштетат
политурата.
Секојдневна употреба
Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен
период некористење, пред да ставите
производи во преградата, оставете
апаратот да работи барем 2 часа на
најголемата поставка.
ВАЖНО Во случај на случајно
одмрзнување, на пример поради
снемување струја, ако немало струја
подолго време отколку под ставката
"време на одржување" во табелата за
технички карактеристики, одмрзнатата
храна мора да се изеде брзо или да се
зготви веднаш, а потоа повторно да се
смрзне (откако ќе се излади).
Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна,
пред да се употреби, може да се одмрзне
во преградата на фрижидерот или на
собна температура, зависно од времето
достапно за оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се
готват смрзнати, директно од
замрзнувачот: во тој случај, готвењето
ќе трае подолго.
FreeStore
Преградата на фрижидерот е опремена
со уред што овозможува брзо
смрзнување на храната и порамномерна
температура во преградата.
electrolux 65