User manual

Уредот се активира самиот кога е
потребно, на пример за брзо враќање на
температурата по отварањето на
вратата или кога околната температура
е висока.
Ви овозможува рачно да го вклучите
уредот кога е потребно (видете во
„Функција FreeStore“).
ВАЖНО Уредот FreeStore запира кога
вратата е отворена и повторно
започнува да работи откако вратата ќе
се затвори.
Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се
монтирани низа држачи, така што
полиците може да се наместат по желба.
Полица за шишиња
Ставајте ги шишињата (со отворот
свртен нанапред) на претходно
наместената полица.
ВАЖНО Ако полицата е ставена
хоризонтално, ставајте само затворени
шишиња.
Полицата за држење шишиња може да
се навали за да се чуваат претходно
отворени шишиња. За да го постигнете
тоа, повлечете ја полицата нагоре за да
може да се сврти нагоре и да се стави на
следното повисоко ниво.
Местење на полиците на вратата
За да се овозможи чување пакувања во
разни големини, полиците на вратата
може да се стават на различни височини.
За приспособување, постапете на
следниов начин:
Постепено влечете ја полицата во
насоката на стрелките додека не се
ослободи, потоа наместете ја по желба.
66 electrolux