User manual

Фиока за зеленчук
Фиоката е погодна за чување на овошје
и зеленчук.
Во внатрешноста на фиоката има
разделник што може да се стави во
различни позиции за да се овозможи
поделба на мали делови што е
најпогодна за личните потреби.
На дното на фиоката има решетка (ако е
предвидена) за одделување на овошјето
и зеленчукот од било каква влажност
што би можела да се формира на
долната површина.
Сите делови во внатрешноста на
фиоката може да се извадат за чистење.
FreshZone фиока
Фиоката FreshZone е погодна за
зачувување свежа храна како риба,
месо, морска храна, бидејќи
температурата таму е пониска од
остатокот на фрижидерот.
Вадење на корпите за смрзнување од
замрзнувачот
Корпите за смрзнување имаат граничник
за сопирање што спречува нивно
случајно вадење или испаѓање. Кога
сакате да ги извадите од замрзнувачот,
повлечете ја корпата кон себе и, кога ќе
дојде до граничникот, извадете ја
корпата кревајќи го предниот дел нагоре.
Кога ги враќате, кренете го малку
предниот дел на корпата за да ја
вметнете во замрзнувачот. Кога ќе ги
поминете граничниците, турнете ја
корпата назад во положбата.
electrolux 67