User manual

Постапка за чистење на славината за
вода
1. Одблокирајте ги двете "штопни" од
страните на резервоарот, како што е
прикажано на сликите:
извадете го патронот BRITA
MAXTRA од апаратот за
филтрирање вода
притиснете ги штопните на
средина и извлечете го
поместете ја штопната во насока
на централниот резервоар.
2. Турнете го резервоарот во насока на
вентилот.
3. Извадете ги капакот и инката.
A
4. Одвијте го вентилот налево (особено
внимавајте да не ја изгубите
заптивката на вентилот затоа што е
неопходна за правилно
функционирање на апаратот).
5. Исчистете ги капакот на
резервоарот, вентилот и заптивката
во раствор на топла вода и
неутрален сапун. Исплакнете ги и
ставете ги во дупката на вратата за
време на чистењето на другите
делови (за да се избегне бегање на
студениот воздух од фрижидерот).
6. Исчистете ги резервоарот и инката
во машина за миење садови или со
раствор на топла вода и неутрален
сапун и исплакнете ги.
7. По чистењето на деловите на
резервоарот, извадете го вентилот
од вратата на фрижидерот и
составете го резервоарот по
обратен редослед (4, 3, 2, 1,) од
расклопувањето (внимавајте на
положбата на заптивката на
вентилот).
8. Ставете го составениот резервоар
на вратата, долж насоката на
вентилот.
9. Блокирајте ги штопните по обратен
редослед од одблокирањето.
10. Повторно вметнете го патронот
BRITA MAXTRA во инката.
Користење на филтерот BRITA MAXTRA
Чекор 1: Подготвување на патронот
За да го подготвите патронот со
филтер BRITA, извадете ја заштитната
обвивка (напомена: патронот и
внатрешната обвивка може да изгледаат
влажни, тоа е само кондензација).
Потопете го патронот во студена вода и
протресете го нежно за да ги отстраните
меурчињата воздух. Филтерот е сега
подготвен за употреба.
За разлика од другите филтри за вода,
нема потреба да го киснете новиот
патрон Maxtra.
electrolux 69