User manual

компресор ќе престане да работи во
текот на вообичаената употреба. Водата
од одмрзнувањето истекува во посебен
сад од задната страна на апаратот, над
моторниот компресор, од кој што
испарува.
Важно е повремено да се исчисти
дупчето за истекување на водата од
одмрзнувањето на средината на каналот
во фрижидерската преграда за да се
спречи прелевање на водата и нејзино
капење врз храната внатре. Користете го
приложениот специјален чистач, што ќе
го најдете веќе вметнат во дупчето за
истекување.
Одмрзнување на замрзнувачот
Одделот на замрзнувачот на овој модел
е од типот "без мраз". Тоа значи дека
нема создавање мраз во текот на
работата, ниту на внатрешните ѕидови
ниту на храната.
Тоа се должи на постојаното струење на
студениот воздух во внатрешноста на
одделот, придвижуван од автоматски
регулиран вентилатор.
Што да сторите ако...
ВНИМАНИЕ Пред решавање на
проблемите, извадете го
приклучокот за струја од штекерот.
Само квалификуван електричар или
стручно лице смее да отстранува
пречки што не се наведени во овој
прирачник.
ВАЖНО Во текот на нормалното
користење се јавуваат одредени звуци
(компресор, циркулација на средството
за ладење).
Проблем Можна причина Решение
Апаратот е бучен. Апаратот не е добро потпрен. Проверете дали апаратот стои
стабилно (сите четири ногарки
треба да се на подот).
Компресорот работи
непрекинато.
Регулаторот за температура
може да е неправилно
поставен.
Ставете на повисока
температура.
Вратата не е правилно
затворена.
Видете во „Затворање на
вратата“.
76 electrolux