User manual

одмрзне во преградата на фрижидерот
или на собна температура, зависно од
времето достапно за оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се
готват смрзнати, директно од
замрзнувачот: во тој случај, готвењето
ќе трае подолго.
FreeStore
Преградата на фрижидерот е опремена
со уред што овозможува брзо
смрзнување на храната и
порамномерна температура во
преградата.
Уредот се активира самиот кога е
потребно, на пример за брзо враќање
на температурата по отварањето на
вратата или кога околната температура
е висока.
Ви овозможува рачно да го вклучите
уредот кога е потребно (видете во
Функција FreeStore“).
ВАЖНО Уредот FreeStore запира кога
вратата е отворена и повторно
започнува да работи откако вратата ќе
се затвори.
Подвижни
полици
На ѕидовите на фрижидерот се
монтирани низа држачи, така што
полиците може да се наместат по
желба.
Полица за шишиња
Ставајте ги шишињата (со отворот
свртен нанапред) на претходно
наместената полица.
ВАЖНО Ако полицата е ставена
хоризонтално, ставајте само затворени
шишиња.
Полицата за држење шишиња може да
се навали за да се чуваат претходно
отворени шишиња. За да го постигнете
тоа, повлечете ја полицата нагоре за да
може да се сврти нагоре и да се стави
на следното повисоко ниво.
38 electrolux