User manual

покажано на плочката со
спецификации;
смрзнувањето трае 24 часа. Не треба
да се додава храна за смрзнување во
тој период;
смрзнувајте само квалитетна, свежа и
убаво измиена храна;
поделете ја храната во мали порции
за да може брзо и целосно да се
смрзне и за да овозможите
одмрзнување само на потребните
количества;
завиткајте ја
храната во
алуминиумска или пластична фолија
убаво и стегнато;
не дозволувајте свежата несмрзната
храна да ја допира храната што е
веќе смрзната, за да не ја загреете
вторава;
немасната храна се чува подобро и
подолго отколку масната; солта го
намалува векот на чување на
храната;
водениот мраз, ако се конзумира
веднаш по вадењето
од преградата
на замрзнувачот, може да предизвика
смрзнатици на кожата;
препорачливо е да се запише
датумот на смрзнување на секое
пакување за да можете да водите
сметка за времето на смрзнатост.
Совети за чување смрзната храна
За да добиете најдобри перформанси
од апаратот, почитувајте ги следниве
напомени:
проверувајте дали комерцијалните
смрзнати прехранбени продукти биле
соодветно
чувани кај продавачот;
внимавајте смрзнатите прехранбени
продукти да се пренесат од
продавницата до замрзнувачот во
најкраток можен рок;
не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку
што е неопходно.
Штом ќе се одмрзне, храната се
расипува брзо и не може повторно да
се смрзне.
Не надминувајте го препорачаниот
период за чување.
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот
од струја пред да вршите каква
било постапка за одржување.
Апаратот содржи јагленохидрати во
уредот за ладење; одржувањето и
повторното полнење може да ги
вршат само овластени техничари.
Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во фрижидерската
преграда секогаш кога моторниот
компресор ќе престане да работи во
текот на вообичаената употреба.
Водата од одмрзнувањето истекува во
посебен сад од задната страна на
апаратот, над
моторниот компресор, од
кој што испарува.
Важно е повремено да се исчисти
дупчето за истекување на водата од
одмрзнувањето на средината на
каналот во фрижидерската преграда за
да се спречи прелевање на водата и
нејзино капење врз храната внатре.
Користете го приложениот специјален
чистач, што ќе го најдете веќе вметнат
во дупчето за истекување.
electrolux 41