User manual

ПРВА УПОТРЕБА
Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите
внатрешни додатоци со млака вода и
малку неутрален сапун за да се
отстрани карактеристичниот мирис на
новите производи, па исушете го
темелно.
ВАЖНО Не користете детергенти или
груби прашоци, тие може да ја оштетат
политурата.
СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен
период некористење, пред да ставите
производи во преградата, оставете
апаратот да работи барем 2 часа на
најголемата поставка.
ВАЖНО Во случај на случајно
одмрзнување, на пример поради
снемување струја, ако немало струја
подолго време отколку под ставката
"време на одржување" во табелата за
технички карактеристики, одмрзнатата
храна мора
да се изеде брзо или да се
зготви веднаш, а потоа повторно да се
смрзне (откако ќе се излади).
Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата
храна, пред да се употреби, може да се
одмрзне во преградата на фрижидерот
или на собна температура, зависно од
времето достапно за оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да
се
готват смрзнати, директно од
замрзнувачот: во тој случај, готвењето
ќе трае подолго.
Воздушно ладење
Технологијата ClimaTech овозможува
брзо ладење на храната и
порамномерна температура во
преградата.
Овој уред овозможува брзо ладење на
храната и порамномерна температура
во преградата.
Воздушен филтер со јаглен
Вашиот апарат е опремен со ваков
филтер кој се наоѓа зад крилото во
задниот ѕид на кутијата за
распределување на воздухот.
Филтерот го прочистува воздухот од
несакани миризби во преградата на
фрижидерот, што значи дека
квалитетот на чување дополнително ќе
се подобри.
Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се
монтирани низа држачи
, така што
полиците може да се наместат по
желба.
44 electrolux