User manual

За да ја исклучите фукнцијата:
1. Затворете го крилото.
2. Исклучете ја функцијата Shopping
(Купување).
3. Показателот Shopping (Купување)
се исклучува.
ВАЖНО Функцијата се исклучува
автоматски по неколку часа.
SpacePlus фиока
Фиоката е погодна за чување на овошје
и зеленчук.
Во внатрешноста на фиоката има
разделник што може да се стави во
различни позиции за да се
овозможи
поделба на мали делови што е
најпогодна за личните потреби.
На дното на фиоката има решетка (ако
е предвидена) за одделување на
овошјето и зеленчукот од било каква
влажност што би можела да се
формира на долната површина.
Сите делови во внатрешноста на
фиоката може да се извадат за
чистење.
Вадење на корпите за смрзнување
од замрзнувачот
Корпите за смрзнување имаат
граничник за сопирање што спречува
нивно случајно вадење или испаѓање.
Кога сакате да ги извадите од
замрзнувачот, повлечете ја корпата кон
себе и, кога ќе дојде до граничникот,
извадете ја корпата кревајќи го
предниот дел нагоре.
Кога ги враќате, кренете го малку
предниот дел
на корпата за да ја
вметнете во замрзнувачот. Кога ќе ги
поминете граничниците, турнете ја
корпата назад во положбата.
2
1
electrolux 47