User manual

MK - 26 -
1. ДЕЛ: ПРЕД САМОТО КОРИСТЕЊЕ НА ЛАДИЛНИКОТ
Безбедносни упатства
За модели кои содржат R600a-видете на плочката под фреон (фреон isobutane),
природен гас кој е многу безбеден за животната средина но исто така и запалив.
При транспортирање и инсталирање на апаратот треба да се внимава да не се
оштетат деловите и системот за ладење. Во случај на оштетување избегнувајте
изложеност на отворен пламен и запалливи извори и проветрете ја неколку минути
просторијата во која е поставен апаратот.
Внимание: Внимавајте отворите за вентилација на апаратот и просторот како и
оние на објектот да бидат слободни.
Не употребувајте механички и не применувајте друг вештачки начин за да го
забрзате процесот на одмрзнување.
Не употребувајте електрични апарати внатре во ладилникот или во замрзнувачот.
Ако со овој апарат заменувате стар фрижидер кој има брава; како беазбедносна
мерка скршете ја или отстранете бравата пред истиот да го складирате заради
заштита на деца.
Постарите фрижидери содржат изолациони и гасови и фреон кои треба соодветно
да се остранат. Ова треба да му го доверите на стручни лица, а ако имате било какви
прашања стапете во контакт со локалните власти или со продавачот. Проверете
дали е оштетен цевоводот на фрижидерот пред истиот да биде отстранет од
надлежните служби.
Важна забелешка:
Молиме прочитајте го овој прирачник пред да го инсталирате и вклучите апаратот.
Производителот не презема никаква одговорност за неисправно инсталирање и
непридржување кон начинот на користење како што е опишано во овој прирачник.