User manual

MK - 27 -
Препораки
Предупредување: Не користете механички алати или други помошни начини за
забрзување на процесот на топење. Не користете електрични апарати во одделот за
храна во уредот. Држете ги отворите за вентилација на уредот слободни. Не оштетувајте
го системот на разладното средство на уредот.
Не користете нагодувачи кои може да предизвикаат прегревање
на и пожар на уредот.
Не користие стари, деформирани електрични кабли.
Не ги свиткувајте и деформирајте каблите.
Не дозволувајте деца да си играат со уредот или да седат на
вратите од уредот.
Не користете остри предмети за отсранување на мразот од
ѕидовите на уредот; тие може да го оштетат кондензаторот и
да направат оштетувања кои неможат да се поправат.
Не го приклучувајте уредот на електричната мрежа со влажни
раце.
Не оставајте садови полни со течности , особено со гасови во
замрзнувачот затоа што може да пукнат.
Шишиња кои содржат течности со висок процент на алкохол
мора да бидат добро затворени и да бидат поставени
правилно.
Не ги допирајте ладните површини со влажни раце затоа што
може да дојде до повреда.
Немојте да го јадете мразот кој е изваден од замрзнувачот.
Овој уред не е наменет за употреба на лица со намалени физички и психички
способности (вклучувајќи ги и децата), или без искуство и знаење, освен ако имаат
добиено информации за користење од лицата задолжени за нивната безбедност.
Децата треба да бидат под надзор, со што би се спречило да си играат со уредот.
Ако кабелот за напојување е оштетен, мора да го замени поризведувачот,
сервисерот или овластено лице.