User manual

Показното светло Holiday се пали.
Температурниот показател на
фрижидерот ја покажува поставената
температура.
2. За да ја исклучите функцијата,
притиснете го копчето Mode за да
изберете друга функција или
притиснете го копчето Mode
додека да исчезнат сите
специјални симболи.
Показното светло Holiday се гасне.
Функцијата се исклучува со
избирање на различна
поставена температура на
замрзнувачот.
3.9 режим Shopping
Ако треба да ставите големо
количество храна, на пример откако
сте се вратиле од пазарење,
предлагаме да го вклучите Shopping
за да ги изладите продуктите побрзо и
да избегнете загревање на другата
храна што е веќе во фрижидерот.
Shopping се исклучува автоматски по
околу 6 часа.
1. За да ја вклучите фукнцијата,
притиснете го Mode додека да се
појави соодветниот симбол.
Показното светло Shopping се пали.
2. За да ја исклучите функцијата,
притиснете го копчето Mode за да
изберете друга функција или
притиснете го копчето Mode
додека да исчезнат сите
специјални симболи.
Показното светло Shopping се гасне.
Функцијата се исклучува со
избирање на различна
поставена температура на
фрижидерот.
3.10 режим Eco
За оптимално чување на храната,
изберете го режимот Eco.
1. Изберете ја преградата на
фрижидерот/замрзнувачот.
2. За да ја вклучите фукнцијата,
притиснете го Mode додека да се
појави соодветниот симбол.
Температурниот показател ја
покажува поставената температура за:
фрижидер: +4°C
замрзнувач -18°C
3. За да ја исклучите функцијата пред
да заврши автоматски, повторете
ја процедурата додека не се
исклучи показното светло Eco.
Функцијата се
исклучува со избирање
на различна поставена
температура.
3.11 режим DrinksChill
Режимот DrinksChill треба да се
користи за поставување на акустичен
аларм во одредено време по желба,
што е корисно, на пример, кога
одредена рецепта бара мешавината
да се лади определен временски
период или кога е потребен потсетник
за да не се заборават шишињата кои
се ставени во замрзнувачот за побрзо
да се изладат.
1. За да ја вклучите функцијата,
притиснете ON/OFF .
Се појавува показното светло
DrinksChill.
На екранот се покажува поставената
вредност (30 min).
2. Притиснете го копчето за пониска
и повисока температура за да ја
промените поставената вредност
на тајмерот од 1 до 90 (min).
Се прикажува показното светло за
тајмер (min).
На крајот на одбројувањето, показното
светло DrinksChill трепка и се слуша
звучен аларм
3. Извадете ги пијалаците од
преградата на замрзнувачот.
4. Притиснете го копчето ON/OFF за
да го исклучите звукот и да ја
прекинете функцијата.
Функцијата може да се
исклучи во секое време
во текот на
одбројувањето со
притискање на ON/
OFF. Показното светло
DrinksChill се гасне.
МАКЕДОНСКИ 27