User manual

5.9 FreeStore
Преградата на фрижидерот е
опремена со уред кој овозможува брзо
ладење на храната и поизедначена
температура во преградата на
фрижидерот.
Апаратот по потреба се активира
самиот, на пример за брзо
обновување на температурата по
отворање на вратата при висока собна
температура.
Ви овозможува рачно да го вклучите
апаратот кога е потребно (погледнете
во „Режим FreeStore“).
Апаратот FreeStore запира
кога вратата е отворена и
се вклучува веднаш по
нејзиното затворање.
5.10 Показно светло за
температура
За правилно чување на храната во
фрижидерот истиот е опремен со
показно светло за температура.
Страничниот симбол на апаратот ја
покажува најстудената област во
фрижидерот.
Ако OK е прикажано (A), ставете
свежа храна во областа означена со
симбол, ако не е (B), наместете го
контролорот на температура на
пониска поставка и чекајте 12 часа
пред да го проверите повторно
показното светло за температура.
Откако ќе ја ставите
свежата храна во апаратот
или после отворање на
вратата повеќе пати
подолго време, нормално
е показното светло да не
покажува OK; почекајте
најмалку 12 часа пред
повторно поставување на
контролорот на
температура.
6. ПОМОШ И СОВЕТИ
6.1 Нормални работни звуци
Следните звуци се нормални за време
на работа:
Слабо клокотење и звук на
кркорење од калемот кога
фрижидерот се полни.
Звук на брмчење и пулсирачки звук
од компресорот кога фрижидерот
се полни.
Ненадеен звук на кршење од
внатрешноста на апаратот како
резултат на термичка дилатација
(природен и физички феномен
којшто не е опасен).
Слаб звук на чкрипење од
регулаторот на температура кога
компресорот се вклучува или
исклучува.
6.2 Совети за штедење
енергија
Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго
отколку што е неопходно.
Ако е предвидено, не вадете ги
патроните за ладење од корпата на
замрзнувачот.
www.electrolux.com34