User manual

свртете го регулаторот на
температурата кон поголемата
поставка за да постигнете максимално
ладење.
Средната поставка, општо земено, е
најпогодна.
Меѓутоа, точната поставка треба да се
одбере имајќи предвид дека
температурата во внатрешноста на
апаратот зависи од:
собната температура
колку често се отвора вратата
количеството храна што се чува
местоположбата на апаратот.
Action Freeze функција
Може да ја активирате функцијата Action
Freeze со притискање на прекинувачот
Action Freeze.
Сијаличката Action Freeze ќе се запали.
ВАЖНО Функцијата се исклучува
автоматски по 52 часови.
Функцијата може да се исклучи во секое
време со притискање на прекинувачот
Action Freeze. Сијаличката Action Freeze
ќе се изгасне.
Прва употреба
Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите
внатрешни додатоци со млака вода и
малку неутрален сапун за да се отстрани
карактеристичниот мирис на новите
производи, па исушете го темелно.
ВАЖНО Не користете детергенти или
груби прашоци, тие може да ја оштетат
политурата.
Секојдневна употреба
Замрзнување свежа храна
Одделот за замрзнување е погоден за
замрзнување свежа храна и за
долгорочно чување замрзната и длабоко
замрзната храна.
За да замрзнете свежа храна,
активирајте ја Action Freeze функција
најмалку 24 часа пред ставањето на
храната што треба да се замрзне во
преградата за замрзнување.
Ставете ја свежата храна за мрзнење во
долната преграда.
Максималното количество храна што
може да се смрзне за 24 часа е одредено
на плочката со спецификации , етикета
што се наоѓа на внатрешната страна на
апаратот.
Смрзнувањето трае 24 часа: во текот на
овој период не треба да додавате друга
храна за замрзнување.
Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен
период некористење, пред да ставите
производи во преградата, оставете
апаратот да работи барем 2 часа на
најголемата поставка.
ВАЖНО Во случај на случајно
одмрзнување, на пример поради
снемување струја, ако немало струја
подолго време отколку под ставката
"време на одржување" во табелата за
технички карактеристики, одмрзнатата
храна мора да се изеде брзо или да се
зготви веднаш, а потоа повторно да се
смрзне (откако ќе се излади).
Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна,
пред да се употреби, може да се одмрзне
во преградата на фрижидерот или на
собна температура, зависно од времето
достапно за оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се
готват смрзнати, директно од
замрзнувачот: во тој случај, готвењето
ќе трае подолго.
Правење коцки мраз
Апаратот е опремен со еден или повеќе
садови за правење коцки мраз.
electrolux 45