User manual

Ако го подесите ПОТСЕТНИКОТ ВО
МИНУТИ кога работат функциите
ТРАЕЊЕ или КРАЈ, симболот
се
појавува на екранот.
6.3 Тајмер за одбројување
Користете го Тајмерот за одбројување за да
набљудувате колку време работи печката.
Почнува да работи веднаш штом печката
почне да загрева.
За да го ресетирате Тајмерот за одбројување,
притиснете и задржете
и .
Не можете да го користите Тајмерот
за одбројување кога работи
функцијата Траење или Крај.
7. КОРИСТЕЊЕ НА ПРИБОРОТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
7.1 Сензор за температура
Сензорот за температура ја мери
температурата во средината на месото. Кога
месото ја постигнува поставената
температура, апаратот се исклучува.
Може да се постават две температури:
Температурата на печката. За печење
месо, видете во табелата.
Температурата на средината. За сензорот
за температура, видете во табелата.
Користете го само доставениот
сензор за температура или
оргинални резервни делови.
1.
Поставете ги функцијата и
температурата на печката.
2.
Ставете го шилецот на сензорот за
температура (со симболот
на
рачката) во центарот на месото.
3.
Ставете го приклучокот на сензорот за
температура во приклучницата којашто
се наоѓа во предниот дел на апаратот.
Екранот го покажува симболот за
сензорот за температура и почетната
температура на средината. Кога го
користите сензорот за температура за
прв пат, почетната температура во
средината е 60°C.
4.
Додека трепка, можете да го
користите тркалцето за температура за
да ја промените почетната температура
на средината.
5.
Притиснете за да ја зачувате новата
температура на средината, или почекајте
10 секунди за поставката да се зачува
автоматски. Новата основна температура
на средината се прикажува следниот пат
кога ќе го користите сензорот за
температура.
6.
Погрижете се сензорот за температура
да остане во месото и во приклучницата
за време на готвењето.
7.
Кога месото ја достигнува поставената
температура на средината, симболот за
температурата на средината и сензорот
за температура трепкаат. Се огласува
звучен сигнал две минути. Притиснете
копче за да го запрете сигналот.
8.
Извадете го приклучокот на сензорот за
температура од приклучницата. Извадете
го месото од апаратот.
9.
Исклучете го апаратот.
Секогаш кога го ставате сензорот за
температура во приклучокот, треба
повторно да го поставите траењето и
крајот на готвењето.
МАКЕДОНСКИ 11