User manual

9.2 Уреди од не’рѓосувачки
челик или од алуминиум
Чистете ја вратата на
печката само со мокар
сунгер. Исушете ја со мека
крпа.
Не користете челична
жица, киселини или
абразивни материјали,
бидејќи тие можат да ја
оштетат површината.
Чистете ја контролната
табла на печката со истите
мерки на претпазливост.
9.3 Чистење на заптивката на
вратата
Вршете редовна проверка на
заптивката на вратата. Заптивката
на вратата е околу рамката на
внатрешноста на печката. Не го
користете апаратот ако заптивката
на вратата е оштетена.
Контактирајте го Овластениот
сервисен центар.
За да ја исчистите заптивката на
вратата, видете ги општите
информации за чистењето.
9.4 Чистење на вратата на
печката
Вратата на печката има две стаклени
плочи. Можете да ги извадите вратата
на печката и внатрешната стаклена
плоча за да ги исчистите.
Доколку се обидете да ја
извадите внатрешната
стаклена плоча пред да ја
отстраните вратата на
печката, вратата може да
се затвори.
ВНИМАНИЕ!
Не користете го апаратот
без внатрешната стаклена
плоча.
1. Отворете ја вратата целосно и
држете ги двете шарки.
2. Кренете и завртете ги рачките на
двете шарки.
3. Затворете ја вратата на печката до
првота позиција на отворање.
Потоа повлечете напред и
извадете ја вратата од лежиштето.
МАКЕДОНСКИ 17