User manual

Количина Печење Време на готвење
[минути]
ВИДОВИ НА
ЈАДЕЊА
Парчињ
а
[g] Позиција
на
решетката
Темпера
тура [°C]
прва
страна
втора
страна
Тостирани
сендвичи
4-6 - 4 макс. 5-7 -
Тост 4-6 - 4 макс. 2-4 2-3
9. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
Исчистете го предниот дел на апаратот
користејќи мека крпа со топла вода и
средство за чистење.
За чистење на металните површини
употребете го вообичаеното средство за
чистење.
Чистете ја внатрешноста на печката по
секоја употреба. Потоа можете полесно да
ја отстраните нечистотијата и истата нема
да изгори.
Тврдокорната нечистотија исчистете ја со
специјално средство за чистење печки.
Чистете ги сите додатоци после секоја
употреба и оставете ги да се исушат.
Користете сува крпа со топла вода и
средство за чистење.
Ако имате нелеплив прибор, не чистете го
со агресивни средства, остри предмети
ниту во машина за миење садови. Така
може да се уништи нелепливиот слој.
Уреди од не’рѓосувачки челик или
алуминиум:
Чистете ја вратата на печката само
со мокар сунгер. Исушете ја со мека
крпа.
Не користете челична жица, киселини
или абразивни материјали бидејќи
тие можат да ја оштетат површината
на печката. Чистете ја контролната
табла на печката со истите мерки на
претпазливост.
9.1 Чистење на заптивката на
вратата
Вршете редовна проверка на заптивката на
вратата. Заптивката на вратата е околу
рамката на отворот на печката. Не го
користете апаратот ако заптивката на
вратата е оштетена. Контактирајте со
сервисниот центар.
За да ја исчистите заптивката на вратата,
видете ги општите информации за
чистењето.
9.2 Светилка во печката
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Внимавајте кога ја заменувате
светилката на печката. Постои
опасност од струен удар.
Пред да ја замените светилката на печката:
Исклучете ја печката.
Извадете ги осигурувачите од кутијата или
исклучете го прекинувачот на струјното
коло.
Ставете крпа на долниот дел од
печката за да спречите оштетување
на светилката на печката и на
стакленото капаче.
Секогаш држете ја халогената
светилка со ткаенина за да спречите
на светилката да изгорат остатоци од
маснотија.
1.
Свртете го стакленото капаче налево за
да го извадите.
2.
Исчистете го стакленото капаче.
МАКЕДОНСКИ 13