User manual

Немојте на дното од рерната да
ставате плехови за печење, тави,
итн. за да спречите оштетување на
емајлот на рерната.
Внимавајте при вадење или ставање
на приборот да не го оштетите
емајлот на рерната.
Рерната има четири нивоа за
решетките. Бројте ги нивоата од
долниот дел на рерната.
Истовремено можете да готвите
неколку јадења на различни нивоа.
Ставете ги решетките на висините 1 и
3.
Рерната е опремена со специјален
систем, кој обезбедува струење на
воздухот и постојано кружење на
пареата. Овој систем овозможува да
се готви во пареа и јадењата да
останат сочни однатре, а крцкави
однадвор. Тој ги намалува времето на
готвење и потрошувачката на енергија
на минимум.
Влагата може да кондензира во
апаратот или на стаклената врата. Тоа
е нормално. Секогаш стојте подалеку
од апаратот кога ја отворате вратата
од рерната додека готвите. За да ја
намалите кондензацијата, загрејте ја
рерната околу 10 минути пред
готвењето.
Избришете ја влагата по секое
користење на апаратот.
Телескопски шини
На 2. и на 4. ниво за решетката
монтирани се телескопски шини. Со
телескопските шини можете да ги
ставате и да ги вадите решетките многу
полесно.
1. Докрај извлечете ги левиот и десниот
држач за полиците.
°C
2. Поставете ја решетката на
телескопските шини, па потоа нежно
турнете ги во рерната.
°C
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не затворајте
ја вратата на рерната ако
телескопските шини не се целосно
во внатрешноста на печката. Така
може да се оштетат емајлот на
вратата и стаклото.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ При користење
на апаратот, телескопските шини и
останатиот прибор стануваат многу
жешки. Користете ракавици или
слична заштита.
Печење колачи
Најдобра температура за печење
колачи е помеѓу 150 °C и 200 °C.
Пред да печете, загрејте ја рерната
околу 10 минути.
Не отворајте ја вратата на рерната
пред да поминат 3/4 од времето за
печење.
38 electrolux