User manual

Општа безбедност
Овој уред не е наменет да го користат
лица (вклучувајќи ги и децата) со
намалени физички, сензорски или
ментални способности, или лица без
искуство и знаење, освен ако немаат
надзор и упатување во користење на
уредот од страна на лицето, кое е
одговорно за нивната безбедност.
Во текот на работата, внатрешната
страна од апаратот станува многу
жешка. Бидете внимателни и не
допирајте ги грејачите. Постои ризик
од изгореници.
Секогаш стојте подалеку од апаратот
кога ја отворате вратата за време на
готвењето или откако тоа ќе заврши,
за да овозможите да излезе
евентуално насобраната пареа или
топлина.
Местење
Уверете се дека апаратот не е
оштетен во текот на транспортот.
Никогаш не поврзувајте оштетен
апарат. По потреба, обратете се кај
добавувачот.
Овој апарат смее да го поправа само
овластен сервисен техничар.
Користете само оригинални резервни
делови.
Вградените апарати смеат да се
пуштаат во работа само по
вградување во соодветни ормани и
работни плочи, кои одговараат на
нормите.
Немојте да ги менувате
спецификациите или да го
модификувате овој производ. Тоа би
можело да го оштети апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Грижливо
почитувајте ги упатствата за
електрично приклучување.
Информации за акриламидите
ВАЖНО Според најновите научни
сознанија, интензивното запечување на
храната, особено на производите кои
содржат скроб, може да биде опасно по
здравјето поради акриламидите. Оттаму
препорачуваме, да готвите на што е
можно пониски температури и премногу
да не ги запечувате јадењата.
electrolux 3