Recipe Book

ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете го поглавјето „Безбедносни
информации“.
ВНАТРЕШНА СТРАНА НА
ВРАТАТА
Кај некои модели, на внатрешната страна на
вратата можете да ги најдете:
Бројот на позиции на решетката.
Информации за функциите за греење,
препорачаните нивоа на решетките и
температурите за вообичаени оброци.
Температурата и времињата на
печење во табелите се само водич.
Тие зависат од рецептите и
квалитетот и количината на
состојките што се употребуваат.
СОВЕТ ЗА СПЕЦИЈАЛНИТЕ
ФУНКЦИИ ЗА ЗАГРЕВАЊЕ НА
РЕРНАТА
Одржување на топлина
Користете ја оваа функција доколку сакате да
ја одржите храната топла.
Температурата автоматски се регулира на
80°C.
Топлење на чинии
За загревање порции и јадења.
Распоредете ги порциите и јадењата еднакво
по решетката. Разместете ги редовите откако
ќе помине половина од времето за
подгревање (заменете горе и доле).
Автоматската температура е 70°C.
Препорачано ниво на решетката: 3.
Киснато тесто
Оваа автоматска функција можете да ја
користите со кој било рецепт за потквасено
тесто што ви се допаѓа. Оваа функција ви
обезбедува добра околина за нараснување на
тестото. Ставете го тестото во сад кој е
доволно длабок за нараснување и покријте го
со влажна крпа или пластична фолија.
Ставете решетка на ниво 1 и поставете го
садот на неа. Затворете ја вратата и
поставете ја функцијата за стасување тесто.
Поставете го потребното време.
ГОТВЕЊЕ НА ПАРЕА
Садови за готвење на пареа
Користете само садови за готвење отпорни
на топлина и корозија или хромирани
садови за храна (само за одредени
модели).
Положби на решетките
Точните позиции на решетката се ставени
во табелата подолу. Позициите на
решетката се бројат од долу кон горе.
Општи забелешки
При готвење подолго од 30 минути или при
готвење големи количини храна, додајте
вода ако е неопходно.
Ставете ја храната во соодветните садови
за готвење и ставете ги садовите на
решетките. Погрижете се да има
растојание меѓу решетките за да може
пареата да циркулира околу секој сад.
После секоја употреба, извадете ја водата
од фиоката за вода, поврзувајќи ги цревата
и генераторот на пареа. Видете во
поглавјето „Нега и чистење“.
Забелешки за табелите за готвење на пареа
Табелите даваат податоци за
вообичаените јадења.
Температурата и времето се само како
водич и зависат од типот, димензиите и
количината на храна и од садовите.
Користете го скоро истиот рецепт ако не
можете да ги најдете поставките за вашиот
рецепт.
Започнете ја процедурата со ладна рерна
ако податоците во табелите се различни.
При готвење ориз, користете однос на вода
и ориз од 1,5:1 - 2:1 бидејќи оризот
апсорбира вода.
2
www.electrolux.com