Recipe Book

Измијте ги компирите, излупете ги и исечете
ги на ленти. Излупете го кромидот и исечете
го на ленти.
Подмачкајте огноотпорен сад за печење со
путер. Ставете една третина од компирите и
кромидот во садот. Врз нив ставете една
половина од филетите од инчун и преку нив
ставете уште една третина од компирот и
кромидот. Останатите филети наредете ги
врз нив. Најгоре ставете го остатокот од
кромид и компир така што најгоре да бидат
компирите.
Посолете со црн пипер и исечканата мајчина
душичка врз јадењето.
Истурете ја саламурата од инчунот преку
јадењето и додајте ја слатката павлака.
Посолете ги лебните трошки и ставете
парченца путер одозгора.
Време во апаратот: 60 минути
Ниво: 3
Динстана риба (Пастрмка)
Состојки:
•1 лимон
•риба
Метод:
Измијте, исушете ја и попрскајте ја со
лимонов сок однатре и однадвор. Оставете ја
да се маринира извесно време, а потоа
зачинете со сол и црн пипер. Положете ја
рибата во сад од не’рѓосувачки челик со
дупчеста влошка.
Време во апаратот: 25 минути
Ниво: 3
КОЛАЧ
Пандишпан торта со лимон
Состојки за мешавината:
250 г путер
200 г шеќер
1 пакетче ванилин шеќер (околу 8 г)
1 тропрст сол
•4 јајца
150 г брашно
150 г пченкарно брашно
1 рамна лажичка прашок за пециво
рендана кора од 2 лимона
Состојки за глазурата:
125 мл сок од лимон
100 г шекер во прав
Друго:
Квадратен плех за печење со должина од
30 cm
Маргарин за подмачкување
Лебни трошки за обложување на плехот
Метод:
Ставете путер, шекер, лимонова кора,
ванилин шекер и сол во чинија за матење и
изматете ги пенесто. Додавајте ги јајцата
едно по едно и повторно изматете пенесто.
Постепено додавајте ги брашното и
пченкарното врашно измешани со прашокот
за пециво во пенестата маса и лесно
вмешајте го.
Ставете го тестото во подмачканиот плех за
печење обложен со лебни трошки, израмнете
го и ставете го во апаратот.
Откако ќе се испече, измешајте лимонов сок и
шекер во прав. Превртете го испечениот
колач на алуминиумска фолија.
Свиткајте ја алуминиумската фолија од
страните на колачот нагоре за да не може да
истече преливот. Избоцкајте го колачот со
дрвено стапче и нанесете ја глазурата со
четка. Потоа оставете го колачот да ја впие
глазурата.
Време во апаратот: 75 минути
Ниво на решетка: 1
Шведска торта
Состојки:
•5 јајца
340 г шекер
100 г стопен путер
360 г брашно
1 пакетче прашок за пециво (околу 15 г)
1 пакетче ванилин шекер (околу 8 г)
1 тропрст сол
200 мл студена вода
Друго:
Тркалезен плех за печење од 28 см со
калап што се отвора, црн, дно обложено со
хартија за печење
Метод:
Ставете шекер, јајца, ванилин шекер и сол во
сад за матење и матете 5 минути додека да
се направи крем. Потоа додајте стопен путер
во мешавината и лесно вмешајте го.
Додајте го брашното со прашокот за пециво
во смесата и измешајте.
На крај, истурете ја студената вода и добро
измешајте. Ставете го тестото во плехот за
МАКЕДОНСКИ 11