Recipe Book
• Лебни трошки за обложување на плехот
Метод:
Ставете путер, шекер, ванилин шекер и сол
во чинија за матење и изматете ги заедно.
Додавајте ги јајцата едно по едно и повторно
изматете ја мешавината. Постепено
додавајте го брашното, измешано со
прашокот за пециво, кон пенестата маса и
лесно вмешајте го.
Измешајте го и овошјето во мешавината.
Ставете ја мешавината во подготвениот плех
и подигнете ја мешавината малку погоре кај
работ отколку во средината. Украсете ги
работ и средината на колачот со целите
излупени бадеми. Ставете го колачот во
апаратот.
– Време во апаратот: 100 минути
– Ниво на решетка: 1
Streusel Торта
Состојки за тестото:
• 375 г брашно
• 20 г квасец
• 150 мл млако млеко
•60 г шекер
• 1 тропрст сол
•2 жолчки
• 75 г омекнат путер
Состојки за трошките:
• 200 г шекер
• 200 г путер
• 1 лажичка цимет
• 350 г брашно
• 50 г сечкани ореви
• 30 г стопен путер
Метод:
Просејте го брашното во чинија за мешање,
направете дупка во средината. Пресечете го
квасецот, ставете го во дупката, измешајте го
со млекото и со малку брашно од работ,
попрскајте со брашно, оставете да нарасне на
топло место додека брашното попрскано на
тестото не покаже пукнатини.
Ставете ги шекерот, жолчките, путерот и
солта на работ од брашното. Сето заедно
измесете го во изедначено квасно тесто.
Оставете го тестото да нарасне на топло
место додека не стане двапати поголемо.
Потоа исукајте го тестото и положете го во
подмачкан плех за печење и оставете го
повторно да нарасне.
Ставете шекер, путер и цимет во чинија за
мешање и измешајте ги заедно.
Додадете ги брашното и оревите и измесете
ги заедно за да се направи мешавина што се
рони.
Распоредете го путерот на нараснатото тесто
и распоредете ја мешавината што се рони
рамномерно одозгора.
– Време во апаратот: 35 минути
– Ниво на решетка: 3
Милиброд со квасец
Состојки за тестото:
• 650 г брашно
• 20 г квасец
• 200 мл млеко
•40 г шекер
• 5 g сол
•5 жолчки
• 200 г омекнат путер
Состојки за филот:
• 250 г сечкани ореви
• 20 г лебни трошки
• 1 лажичка мелен ѓумбир
• 50 мл млеко
• 60 г мед
• 30 г стопен путер
• 20 мл рум
Состојки за глазурата:
•1 жолчка
•малку млеко
• 50 г резанки од бадеми
Метод:
Просејте го брашното во чинија за мешање,
направете дупка во средината. Пресечете го
квасецот, ставете го во дупката, измешајте со
млекото и со малку шекер и брашно од работ,
попрскајте со брашно, оставете да нарасне на
топло место додека брашното попрскано на
нараснатиот квасец не покаже пукнатини.
Ставете го остатокот од шекерот на работ на
брашното. Сето заедно измесете го во
изедначено квасно тесто. Оставете го тестото
да нарасне на топло место додека не стане
двапати поголемо.
За филот, измешајте ги сите состојки заедно.
Поделете го тестото на три еднакви делови и
развлечете ги во долги правоаголници.
Распоредете една третина од филот на секој
правоаголник и потоа завиткајте ги
парчињата тесто.
МАКЕДОНСКИ 13










