Recipe Book

Направете плетенка од трите парчиња тесто.
Премачкајте ја површината на плетенката со
мешавина од жолчка и млеко и потоа
попрскајте со резанките од бадеми.
Време во апаратот: 55 минути
Ниво на решетка: 3
Куглоф
Состојки за основата:
500 г брашно
1 пакетче сув квасец (8 г сув квасец или 42
г пресен квасец)
80 г шекер во прав
150 г путер
•3 јајца
2 рамни лажички сол
150 мл млеко
70 г суво грозје (претходно накиснете ги 1
час во 20 мл вишновка)
Состојки за глазурата:
50 г цели лупени бадеми
Метод:
Ставете ги брашното, сувиот квасец, шекерот
во прав, путерот, јајцата, солта и млекото во
сад за матење и измесете изедначено тесто.
Покријте го тестото во садот и оставете го да
нарасне 1 час.
Рачно измесете го накиснатото суво грозје во
тестото.
Ставете ги бадемите во секоја празнина
посебно во подмачканиот со зејтин и
попрскан со брашно калап за куглоф.
Потоа оформете го тестото во форма на
колбас и ставете го во калапот. Покријте го и
оставете да кисне уште 45 минути.
Време во апаратот: 60 минути
Ниво на решетка: 1
Саварин торта
Состојки за тестото:
350 г брашно
1 пакетче сув квасец (8 г сув квасец или 42
г пресен квасец)
•75 г шекер
100 г путер
•5 жолчки
1 / 2 лажичка сол
1 пакетче ванилин шекер (околу 8 г)
125 мл млеко
После печењето:
375 ml вода
200 г шекер
100 мл сливова ракија или 100 мл ликер од
портокал
Метод:
Ставете ги брашното, сувиот квасец, шекерот,
путерот, жолчките, солта, ванилиниот шекер и
млекото во сад за матење и измесете
изедначено тесто. Покријте го тестото во
садот и оставете го да нарасне 1 час. Потоа
ставете го тестото во калап за куглоф,
покријте го и оставете го да кисне уште 45
минути.
Време во апаратот: 35 минути
Ниво на решетка: 1
После печењето:
Зовријте вода и шекер и оставете да се
олади.
Додадете сливова ракија или ликер од
портокал во шербетот и измешајте.
Кога ќе се олади колачот, избодете го на
неколку места со дрвено стапче и оставете
колачот еднакво да го впие шербетот.
Колачиња
Состојки:
250 г чоколадо за готвење
250 г путер
375 г шекер
2 пакетчиња ванилин шекер (околу 16 г)
1 тропрст сол
5 супени лажици вода
•5 јајца
375 г ореви
250 г брашно
1 лажичка прашок за пециво
Метод:
Искршете го чоколадото на големи парчиња и
стопете го во сад на пареа или вода.
Изматете ги заедно путерот, шекерот,
ванилиниот шекер, солта и водата, додајте ги
јајцата и стопеното чоколадо.
Оревите исечете ги крупно, измешајте ги со
брашното и прашокот за печиво и вмешајте ги
во чоколадната мешавина.
Обложете длабок плех за печење со хартија
за печење, ставете ја смесата внатре и
израмнете.
Време во апаратот: 50 минути
Ниво на решетка: 3
После печењето:
14
www.electrolux.com