Recipe Book
•4 белки
• 1 тропрст сол
• 80 г шекер во прав
• 120 г шекер
• 200 г ситно изрендани моркови
• 200 г ситно исечкани бадеми
• 1 лимон, сок од лимон и изрендана кора
• 1 супена лажица шери ликер
• 1 / 2 лажичка цимет
• 60 г брашно
• 1 / 2 лажичка прашок за пециво
Состојки за преливот:
• 150 г шекер во прав
• 1 супена лажица шери ликер
• 12 декоративни моркови од марципан
• мелени лешници
Друго:
• Плех за печење торта со калап што се
отвора и со дијаметар од 26 см, подмачкан
и со дното обложено со хартија за печење.
Метод:
Изматете ги белките со сол додека не се
згуснат, додајте го шекерот во прав и
изматете го со белките. Матете ги жолчките
со шекерот и додадете ги другите состојки.
Додате четвртина од изматените белки во
жолчките и потоа внимателно измешајте го
преостанатото количество од белките со
мешавината. Ставете го тестото во
подготвениот плех за печење и израмнете го.
– Време во апаратот: 55 минути
– Ниво на решетка: 3
После печењето:
Оставете ја тортата да се излади. Ви
препорачуваме подготовките да ги направите
еден или два дена порано и да чувате
покриено во фрижидер. За глазурата којашто
се прелева одозгора, измешајте го шекерот
во прав со шерито. Додадете вода ако е
потребно. Покријте ја тортата со глазурата и
украсете ја со морковите од марципан.
Колач со бадеми
Состојки за мешавината:
•5 јајца
• 200 г шекер
• 100 г марципан
• 200 мл маслиново масло
• 450 г брашно
• 1 супена лажица цимет
• 1 пакетче прашок за пециво (околу 15 г)
• 50 г сечкани ф’стаци
• 125 г мелени бадеми
• 300 мл млеко
Состојки за преливот:
• 200 г џем од кајсии
• 5 супени лажици шекер во прав
• 1 лажичка цимет
• 2 супени лажици топла вода
• тенко сечкани бадеми
Друго:
• Плех за печење со дијаметар од 28 см со
калап што се отвора
Метод:
Изматете ги заедно јајцата, шекерот и
марципанот 5 минути, а потоа полека
додавајте маслиново масло.
Измешајте ги заедно брашното, циметот и
прашокот за пециво, а потоа додајте ги
сечканите ф’стаци и мелените бадеми. Потоа
внимателно додајте ја оваа мешавина во
смесата со јајца заедно со млекото.
Ставете ја смесата во плех за печење со
калап што се отвора посипан со лебни
трошки.
– Време во апаратот: 70 минути
– Ниво на решетка: 2
После печењето:
Загрејте го џемот од кајсии и намачкајте го
врз колачот со четка; потоа оставете да се
излади. Измешајте ги заедно шекерот во
прав, циметот и топла вода; потоа
премачкајте го колачот. Потоа веднаш
посипете со тенко сечканите бадеми на
глазираната површина на колачот.
Овошен колач
Состојки за тестото:
• 200 г брашно
• 1 тропрст сол
• 125 г путер
•1 јајце
•50 г шекер
• 50 мл студена вода
Состојки за филот:
• Сезонско овошје (400 г јаболка, праски,
вишни, и сл.)
• 90 г мелени бадеми
•2 јајца
• 100 г шекер
• 90 г омекнат путер
16
www.electrolux.com










