Recipe Book
Друго:
• Тркалезен плех со пречник 28 см со
брановидни страни, подмачкан
Метод:
Просејте го брашното во сад за матење и во
него додадете сол и путер исечен на мали
парчиња. Потоа додајте ги јајцата, шекерот и
студената вода и замесете тесто.
Ладете го тестото 2 часа во фрижидер.
Расукајте го изладеното тесто и ставете го во
подмачканиот плех и избодете го со вилушка.
Исчистете го овошјето, отстранете ги семките
и лушпите и наредете го во мали парчиња врз
тестото. Ставете ги мелените бадеми, јајцата,
шекерот и смекнатиот путер во сад за матење
и изматете ги заедно. Потоа смесата ставете
ја врз овошјето и израмнете.
– Време во апаратот: 50 минути
– Ниво на решетка: 1
ДЕСЕРТИ
Колач со карамел
Состојки за мешавината:
• 100 г шеќер
•100 мл вода
• 500 мл млеко
• 1 стапче ванила
• 100 г шеќер
•2 јајца
•4 жолчки
Друго:
• 6 чиничиња за суфле
Метод:
Ставете 100 г шеќер во тенџере и топете го
додека не добиете светло кафеав карамел.
Потоа внимателно додајте вода (внимавајте -
постои опасност од изгореници) и загревајте
додека да зоврие. Варете до сируп и веднаш
истурете го во 6 чиничиња за суфле, дното да
биде прекриено со карамел. Ставете го
млекото во тава, пресечете го стапчето
ванила и со нож исчистете го семето и
додајте ги во млекото. Загрејте го млекото на
90 °C. (Да не зоврие) Изматете ги јајцата и
жолчките со 100 г шеќер. (Не правете крем)
Полека додавајте млеко во мешавината од
јајца и шеќер. Потоа ставете во чиничињата.
– Време во апаратот: 40 минути
– Ниво: 3
– Додадете 500 мл вода во фиоката за вода
Кокосов пудинг
Состојки:
• 250 мл млеко
• 370 g кокосово млеко
•6 јајца
• 120 г шеќер
• 1 конзерва манго, исцедено и испасирано
Друго:
• 6 чиничиња за пудинг
Метод:
Измешајте ги млекото и кокосовото млеко.
Лесно изматете ги јајцата и шеќерот и
додадете ги во кокосовото млеко. Наполнете
ги чинивчињата за пудинг со мешавината. По
готвењето, превртете ги наопаку и
декорирајте ги со манго.
– Време во апаратот: 40 минути
– Ниво: 3
– Додадете 500 мл вода во фиоката за вода
Капучино торта
За мешавината:
• 100 г омекнат путер
•90 г шеќер
•2 жолчки
• семки од едно стапче ванила
• 2 супени лажици инстант кафе (растворено
во 50 мл жешка вода)
•2 белки
• 50 г брашно
• 50 г пченкарно брашно
• 1 / 2 лажичка прашок за пециво
За сосот:
• 250 мл сок од портокал
•50 г шеќер
• 1 прстофат цимет
• 20 мл ликер од портокал
За преливот:
• 200 мл изматен шлаг за украсување
Друго:
• 6 мали чинивчиња или чаши намачкани со
путер
Метод:
Изматете ги заедно путерот, шеќерот,
жолчките, семето од стапчето ванила, а потоа
измешајте ги со раствореното кафе. Изматете
ги белките. Просејте ги брашното, нишестето
и прашокот за пециво низ сито и додајте ги во
мешавината во слоеви со белките и
МАКЕДОНСКИ 17










