Recipe Book
Издробете го квасецот во чинија и растопете
го во вода. Ставете ја солта во брашното и со
маслото додадете ги во садот.
Месете ги состојките додека не настане
изедначено тесто кое се одвојува од чинијата.
Покријте го тестото и оставете го да нарасне
на топло место додека не стане двојно
поголемо.
Расукајте го тестото и ставете го во
подмачкан плех за печење, избодете го од
долу со вилушка.
Ставајте ги состојките за филот врз тестото
по дадениот редослед.
– Време во рерната: 25 минути
– Ниво: 1
Солен колач со кромид
Состојки за тестото:
• 300 g брашно
• 20 g квасец
• 125 ml млеко
•1 јајце
• 50 g путер
•3 g сол
Состојки за филот:
• 750 g кромид
• 250 g сланина
•3 јајца
• 250 g кисела павлака
• 125 ml млеко
• 1 кафена лажичка сол
• 1/2 кафена лажичка мелен црн пипер
Метод:
Просејте го брашното во чинија за мешање,
направете дупка во средината.
Исечете го квасецот, ставете го во дупката,
измешајте го со млекото и со малку брашно
од работ. Наросете брашно, оставете го да
кисне на топло место додека наросеното
брашно на квасецот не испука.
Ставете ги јајцето и путерот на работ од
брашното. Сето заедно изработете го во
изедначено тесто со квасец.
Оставете го тестото да нарасне на топло
место додека не стане двапати поголемо.
Во меѓувреме, излупете го и исечете го
кромидот на четвртинки и потоа исечете го на
тенки резанки.
Исечете ја сланината на коцки и пржете ја на
тивок оган со кромидот, но да не се препржи.
Оставете да се излади.
Расукајте го тестото и ставете го на
подмачкан плех за печење, избодете го од
долу со вилушка и притиснете ги рабовите да
се подигнат. Оставете го повторно да
нарасне.
Измешајте ги заедно јајцата, киселата
павлака, млекото, солта и црниот пипер.
Нанесете ги изладениот кромид и сланината
на основата на тестото. Ставете ја
мешавината насекаде и израмнете.
– Време во рерната: 45 минути
– Ниво: 1
Француски киш
Состојки за тестото:
• 200 g брашно
•2 јајца
• 100 g путер
• 1 / 2 лажичка сол
• малку црн пипер
• 1 прстофат мускатно оревче
Состојки за филот:
• 150 g рендано сирење
• 200 g варена шунка или посна сланина
•2 јајца
• 250 g кисела павлака
• сол, црн пипер и мускатно оревче
Друго:
• Црн плех за печење, подмачкан, со
дијаметар од 28 cm
Метод:
Ставете брашно, путер, јајца и зачини во
чинија за мешање и измешајте до изедначено
тесто. Оставете го тестото да стои во
фрижидер неколку часови.
Потоа развлечете го тестото и ставете го во
подмачканиот црн плех за печење. Избодете
го од долу со вилушка.
Распоредете ја сланината врз тестото.
За да го направите филот, измешајте ги
заедно јајцата, киселата павлака и зачините.
Потоа додадете го сирењето.
Истурете го филот врз сланината.
– Време во рерната: 40 минути
– Ниво: 1
Колач со козјо сирење
Состојки за тестото:
• 125 g брашно
• 60 ml маслиново масло
МАКЕДОНСКИ 19










