Recipe Book
• 1 прстофат сол
• 3 - 4 супени лажици ладна вода
Состојки за филот:
• 1 супена лажица маслиново масло
• 2 главички кромид
• сол и црн пипер
• 1 кафена лажичка сечкана мајчина
душичка
•125 g рикота
• 100 g козјо сирење
• 2 супени лажици маслинки
•1 јајце
• 60 ml слатка павлака
Друго:
• Црн плех за печење, подмачкан, со
дијаметар од 28 cm
Метод:
Ставете ги брашното, маслиновото масло и
солта во сад за матење и мешајте ги додека
смесата не заличи на лебни трошки.
Додадете вода и измесете тесто. Оставете го
тестото да стои во фрижидер неколку часови.
Потоа развлечете го тестото и ставете го во
подмачканиот црн плех за печење. Избодете
го од долу со вилушка.
Во тавче ставете 1 супена лажица маслиново
мало. Излупете го кромидот, исечете го на
тенки резанки и покриен динстајте го на
масло околу 30 минути. Зачинете со сол и црн
пипер и ставете 1/2 кафена лажичка сечкан
магдонос.
Оставете кромидот малку да се олади, потоа
распоредете го по тестото.
Потоа одозгора распоредете ја рикотата и
козјото сирење и додадете маслинки.
Наросете одозгора 1/2 кафено лажиче
сечкана мајчина душичка.
За да го направите филот, измешајте ги
заедно јајцата и киселата павлака. Истурете
го филот врз погачата.
– Време во рерната: 45 минути
– Ниво: 1
Колач со сирење
Состојки:
• 1,5 листови оригинално швајцарско тесто
или лиснато тесто (исукано во квадрат)
• 500 g рендано сирење
• 200 ml слатка павлака
• 100 ml млеко
•4 јајца
• сол, црн пипер и мускатно оревче
Метод:
Ставете го тестото на добро подмачкан плех
за печење. Избодете го целото тесто со
вилушка.
Распоредете го сирењето рамномерно врз
тестото. Изматете ги павлаката, млекото и
јајцата и зачинете со сол, црн пипер и
мускатно оревче. Повторно добро изматете и
истурете ја смесата врз сирењето.
– Време во рерната: 40 минути
– Ниво: 2
Паста со сирење
Состојки:
• 400 g фета сирење
•2 јајца
• 3 супени лажици сечкан магдонос
• црн пипер
• 80 ml маслиново масло
• 375 g кори
Метод:
Измешајте ги заедно фета сирењето, јајцата,
магдоносот и црниот пипер. Покријте ги
корите со влажна крпа за да не се исушат.
Ставете 4 кори една преку друга откако секоја
сте ја намачкале со малку масло.
Пресечете ги на 4 ленти, секоја со должина
од 7 cm.
Ставајте по 2 рамни супени лажици од
мешавината со фета на аголот од секоја
лента и дијагонално диплете во триаголник.
Редете ги од горе надолу во плехот за
печење и премачкувајте ги со масло.
– Време во рерната: 25 минути
– Ниво: 3
Бел леб
Состојки:
• 1000 g брашно
• 40 г свеж квасец или 2 пактечиња сув
квасец (20 г)
• 650 ml млеко
• 15 g сол
Друго:
• Плех за печење подмачкан или обложен со
пергамент хартија за печење
Метод:
Ставете ги брашното и солта во голема
чинија. Растворете го квасецот во млако
млеко и додадете ги во брашното. Сите
20
www.electrolux.com










