Recipe Book

состојки заедно измесете ги во изедначено
тесто. Во зависност од карактеристиките на
брашното, можеби ќе треба да додадете уште
малку млеко за да се постигне изедначено
тесто.
Оставете го тестото да нарасне додека не
постигне двапати поголем волумен.
Исечете го тестото на два дела, направете
две долги векни и ставете ги во плехот за
печење кој е подмачкан или прекриен со
пергамент хартија за печење.
Повторно оставете ги векните да нараснат
уште половина од нивниот волумен.
Пред печењето, посипете ги со малку брашно
и со остар нож засечете 3 - 4 дијагонални
линии со длабочина од најмалку 1 см.
Време во рерната: 55 минути
Ниво: 2
За рерни на пареа: додадете 200 мл вода
во фиоката за вода
Селски леб
Состојки:
500 g пченично брашно
250 g ’ржано брашно
15 g сол
1 мало пакетче сув квасец
•250 ml вода
250 ml млеко
Друго:
Плех за печење подмачкан или обложен со
пергамент хартија за печење
Метод:
Ставете ги пченичното брашно, ’ржаното
брашно, солта и сувиот квасец во голем сад.
Измешајте ги водата, млекото и солта и
додадете ги во брашното. Сите состојки
заедно измесете ги во изедначено тесто.
Оставете го тестото да нарасне додека не
постигне двапати поголем волумен.
Направете од тестото долга векна и ставете
ја во плехот за печење кој е подмачкан или
прекриен со хартија за печење.
Повторно оставете ја векната да нарасне
уште половина од нејзиниот волумен. Пред
печење наросете малку брашно.
Време во рерната: 60 минути
Ниво: 2
За рерни на пареа: додадете 300 мл вода
во фиоката за вода
Кнедли (30 мали парчиња)
Состојки за тестото:
250 g брашно од крупник
250 g путер
250 g урда со ниска масленост
•сол
Состојки за филот:
1 мала главичка од бела зелка (400 g)
50 g сланина
2 супени лажици пречистен путер
сол, црн пипер и мускатно оревче
3 супени лажици кисела павлака
•2 јајца
Друго:
Плех за печење со пергамент хартија за
печење
Метод:
Измесете тесто од брашното од крупник,
урдата со ниска масленост и малку сол и
ставете го во фрижидер.
Исечете ја белата зелка на ситни ленти.
Сланината исечете ја на коцки и пржете ја во
пречистениот путер. Додадете ја зелката и
пржете додека да омекне. Зачинете со сол,
црн пипер и мускатно оревче и внимателно
додадете ја киселата павлака.
Нека крчка додека да испари целата течност.
Јацата сварете ги тврдо и откако ќе се
изладат, исечете ги на коцки, измешајте ги со
зелката и оставете да се олади.
Размесете го тестото и исечете кругови со
дијаметар од 8 cm.
Ставете малку од филот на средината на
секое крукче и преклопете. Залепете ги
рабовите со притискање со вилушка.
Ставете ги кнедлите во плех обложен со
пергамент хартија за печење и премачкајте ги
со жолчка од јајце.
Време во рерната: 20 минути
Ниво: 3
Милиброд со квасец
Состојки за тестото:
750 g брашно
30 g квасец
400 ml млеко
10 g шеќер
15 g сол
•1 јајце
100 g омекнат путер
МАКЕДОНСКИ 21